Советот за дигитална трансформација (DTC) при Институтот Хајделберг во Скопје, Сојузот на средношколци на РСМ и YES алумни програмата за средношколска размена, со задоволство ве покануваат на заеднички настан – онлајн дискусија на тема: „Дигитализацијата & средношколците“



Говорници:
Бојан Кордалов, комуниколог, претседател на Советот за дигитална трансформација,
Теодора Бошкова, раководител на Односи со јавност на Институтот Хајделберг во Скопје & АБИТ
Јана Попова, генерален секретар на Сојузот на средношколци на РСМ
Влатко Стојкоски, веб и графички дизајнер на Сојузот на средношколци на РСМ
Рина Османи, претставник од Американски совети и Алумни координатор на ЈЕС програмата во РСМ






„Ефектите од дигитализацијата во средното образование“, со поврзување на германскиот дуален образовен модел на Институтот Хајделберг во Скопје, визијата на Сојузот на средношколци на РСМ како единственото национално претставничко тело на средношколците во земјата и лидери во процесот на образовно реформирање, Американските совети со нивната ЈЕС Алумни програма како помагачи во процесите на справување со предизвиците во овој разновиден и меѓусебно поврзан свет и DTC како Совет во насока на воспоставување одржлива дигитализација која е од интерес на секој граѓанин.
Агенда:
Вовед, претставување на DTC при Хајделберг, Сојузот на средношколци на РСМ и Американски совети (ЈЕС програма)
Дискусија: „Дигитализацијата & средношколците“
Визии и перспективи за во иднина
Q&A (секој ќе може да ги постави своите прашања во коментар на самиот FB live)



