#АБИТинтервју: Запознајте го Никола Јорданов, („Кредитна анализа и управување со ризици“)

#АБИТинтервју: Запознајте го Никола Јорданов, кредитен аналитичар во Шпаркасе банка АД Скопје и дел од нашето портфолио на #УспешниПриказни од Академијата за „Кредитна анализа и управување со ризици“

  1. Дали може да дознаеме нешто повеќе за Вас и Вашиот кариерен пат?

Jaс сум Никола Јорданов, вработен во Шпаркасе банка АД Скопје во Сектор за Корпоративни клиенти во дирекција за кредитна анализа, со 7(седум) години работно искуство во банкарскиот сектор. (Пред интеграцијата на Шпаркасе Банка АД Скопје, вработен во Охридска Банка АД Скопје) Моментално сум на работна позиција – самостоен соработник за поддршка на продажбата (кредитен аналитичар), односно детална анализа на мали, средни, големи и интернационални корпоративни клиенти.

Дипломирав и магистрирав на Универзитетот Американ Колеџ – Скопје на Факултетот за деловна економија и организациони науки со насока Финансии и банкарство.

Дополнително во развојот на кариерата во Шпаркасе Банка АД Скопје, особено при анализата на финансиските извештаи и оцена на сите видови ризици, значителен придонес имаат и завршените специјализирани програми на Академија за банкарство и информатичка технологија, за Кредитна анализа и Кредитен ризик и 1(прво) ниво од специјализацијата за Сметководство.

  1. Како дојдовте до идејата да се запишете на Академијата за „Кредитен аналитичар и менаџер на ризици” ?

Првично истражував дали постојат дополнителни обуки, курсеви што ќе ми помогнат за усовршување во делот на анализа на клиентите и согледување на ризиците при кредитирање. Односно, потребно ми беше дополнително усовршување, скалило повисоко што ќе придонесе за развој и нагорна линија во мојата кариера. Од кога дознав за АБИТ академијата од самите почетоци и програмата што беше понудена во специјализацијата, се запишав со цел да ги зголемам и усовршам познавањата во оваа област. Посветеноста на предавачите од специјализираната програма дополнително допринесоа за решавање и разјаснување на сите проблематики во делот на кредитирање и ризиците коишто произлегуваат. Предавачите се од реномирани финансиски институции, од кои што можат да се научат доста нови работи во областа на анализа и кредитирање на клиенти и сите видови ризици. На почетокот делуваше напорно затоа што предавањата беа после работното време, но знаењето што се добива од посетата на предавањата е непроценливо, односно значително помага во секојдневните работни активности при анализа на различни ситуации.

  1. Дали и колку ви помогна обуката во тоа што го работите денес ?

Голем и значаен придонес има завршувањето на оваа специјализирана програма, особено во делот на развој на дополнителни вештини кои се потребни во секојдневната анализа при кредитирање на клиентите. Анализата на еден клиент (правно лице) е голем и детален процес кој што бара детално истражување и анализа со цел да се донесе правилна одлука за кредитирање и да се избегнат несакани негативни ефекти. Особено е значаен придонесот при анализата на деловното работење на клиентот и пазарното опкружување, анализа на финансиските перформанси и капацитетот на сервисирање на обврските со цел соодветна проценка на кредитниот ризик. Исто така програмата дополнително придонесува и за  правилна оцена на понудениот колатерал од страна на клиентите, како и ефективна покриеност на колатералот. Сите овие чекори се составен дел од процесот на кредитна анализа и кредитен ризик.

  1. И за крај, што би им препорачале на идните студенти на програмата Certified Risk Manager and Credit Analyst – CRM & CA ?

Програмата за CRM & CA на сите идни студенти значително ќе им помогне за детално проучување и осознавање на целиот процес на кредитирање. Особено е значајно искуството што ќе го добијат од предавачите, како и меѓусебната комуникација со учесниците во програмата. Не се работи за класични предавања кадешто најчесто секој слушател сака да го избегне теоретскиот дел. Во АБИТ предавањата се организирани како „тим билдинг“ со активно вклучување на сите слушатели на програмата при решавање и анализа на реални ситуации со клиенти, што дополнително ќе им овозможи на идните студенти, поголем развој и самодоверба во делот на кредитирање на клиенти, со детектирање на сите видови ризици како и анализа на финансиски извештаи.

И за крај, како што напоменав и претходно, предавачите на програмата се вистински професионалци, отворени за соработка, мотиватори и целосно насочени на развој, кои што сакаат своето знаење да го пренесат на студентите кои што ја следат програмата! Моја препорака за сите идни студенти е дa бидат одлучни, да веруваат во себе и доколку имаат потреба од надоградување на своето знаење да се запишат на оваа специјализација. Особено ќе ја препорачам програмата за оние кои што моментално имаат работна позиција во кредитен ризик, кредитна анализа или се работи за студенти кои што сакаат да го прошират знаењето во оваа област.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on email
Email