BRANCH во АБИТ и Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг Скопје: Важноста на дуалното образование во банкарскиот и финансискиот сектор

Целта на настанот беше да се истакне важноста од дуалното образование кое што го нуди академијата и германскиот институтот, а придонесува за поголем развој на банкарскиот и финансискиот сектор.

На настанот со поздравен говор се обрати Извршниот директор на АБИТ, а потоа на присутните се обратија и Ото Граф, заменик амбасадор и раководител на економскиот оддел на Германија, Елизабета Наумовска – Заменик министер за образование и наука и г-ѓа Лујза Томовска- самостоен советник во Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија.

Меѓу другите, гости на настанот беа и г-дин Билал Суџубаши, претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на ХАЛК Банка АД Скопје, проф. д-р Љубе Трпевски, г-дин Беркан Имери финанов директор на ХАЛК Банка АД Скопје, г-дин Бесим Билали од Развојна банка на Северна Македонија, Весна Срцева и Мухедин Авдиќ од Управата за јавни приходи, Марина Наумовска од Германска Амбасада во Република Северна Македонија и т.н.

Говорниците ја истакнаа важноста на едукацијата и дообразованието во банкарскиот и финансискиот сектор. Тие сметаат дека двојното образование кое што се нуди во АБИТ е одлична шанса во нашта земја да се внесе германската едукација и да се примени во македонска пракса од професионалци кои ќе ги завршат курсевите и семинарите во АБИТ. Говорниците истакнаа дека се потребни помлади и похрабри кадри во бакарскиот сектор во земјата.

АБИТ е единствената образовна организација во земјата која што е придружна членка во највисокото тело за специјалистичко и стручно банкарско образование во ЕУ, Европската тренинг асоцијација EBTN, која што е во состав на Европската банкарска федерација.

Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг Скопје заедно со АБТ се еднствените институции кои се акредитирани од International Group of Controlling за специјалистичка сертификација за controlling.

 
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on email
Email