Креативно опкружување за креативно управување

За ХАЈДЕЛБЕРГ

Создавањето на современи концепти на специјалистичко извршно образование (последипломско) и поставување на нови професионални образовно-стручни стандарди базирани на практика претставуваат една од главните програмски определби во создавањето на Институтот. Водени од овој принцип, денес, мораме да признаеме дека во повеќето земји од регионот се појавува јаз помеѓу аутпутот на формализмот и практиката. Таквиот јаз сè повеќе се продлабочува и создава проблеми кај работодавачите од една и потенцијалните вработени од друга страна. За да не биде така, се основа Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг – Скопје. 

Подрачјето на научно – истражувачката дејност во рамките на Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг – Скопје ќе ги има во предвид предизвиците на новото време кои несомнено бараат вклучување на научни експерти – практичари од земјите во ЕУ и пошироко, во делот на глобален трансфер на истражувачки знаења во областите на општествените науки и менаџментот. Имено, во ова широко поле на подрачја на научен интерес на Институтот значајно место заземаат намерите на научен интерес во делот на бизнисот и менаџментот.    

Особено подрачје на научен интерес на Институтот е претприемништвото и неговата поврзаност со современото банкарство и новите информатички технологии, особено во делот на дејствување во функција на зголемување на квалитетот во стручните квалификации кај младите лица. Токму затоа, во корпоративната структура на Институтот како и во академскиот персонал се интегрираат научни експерти кои имаат најмалку десет години практично искуство на високи раководни структури (специјалисти), членови на управните одбори на компании и високи авторитети од Централните банки и бизнис заедниците од земјите во регионот и членките на ЕУ.  

Ново подрачје на научен интерес на Институтот е анализа на неформалниот образовен систем и имплементација на сертификацијата во делот на формалното извршно последипломско образование. Ова подразбира научен интерес во областите на следните сертификации: бизнис, менаџмент, банкарство, финансии и информатичка технологија; и вклучување на истите во извршни последипломски студиски програми, понудени од Институтот. 

УСТАНОВИ

УСТАНОВИ

КАМПУС

Модерната зграда во градот Хајделберг, лоцирана на околу 78 км јужно од Франкфурт. Хајделберг е петти по големина град во Baden-Württemberg и е дел од густо населениот Rhine-Neckar Metropolitan регион.

СТУДИСКА ОКОЛИНА

IBMHS е силен поддржувач на образовната иновација и се обидува да им обезбеди и на факултетот и на учесниците врвна информатичка и комуникациска технологија и капацитети.

БИБЛИОТЕКА

Онлајн или од полицата, IBMHS е скриено богатство на финансиски и бизнис книги и знаење што ве чека да ги откриете.