Деканска управа

Претседател Проф. Д-р Улрих Зејтел
Професорот Зејтел студирал право од 1977 до 1983 година на универзитетите во Манхајм, Бон и Лозана (Швајцарија) и се стекнал со докторат на правни науки на Универзитетот во Манхајм во 1987 година. Зејтел ја започнал својата работна како адвокат во Хајделберг и работел како сениор партнер во адвокатска фирма како консултант за трговско право за средни компании. Од 1983 година Зејтел работи во Институтот ФОРУМ за менаџмент GmbH. Првично тој работел на позиција проект менаџер, за подоцна да стана еден од тројцата партнери (1988-2004), и единствен извршен директор од септември 2004 година. Во рамките на ФОРУМ, тој има придонесено за постигнување на важни пресвртници на компанијата:
- 100 вработени
- 15,5 милиони евра обрт
- 1,500 настани годишно
- 4,500 семинарски денови годишно
- 20,000 учесници годишно
- Корпоративни партнери во Италија, Јордан и Шпанија
Освен негоравата примарна функција како Извршен директор во ФОРУМ Институтот, тој бил и на позиција извршен потпретседател на „ Springer Science + Business Media“ од јули 2007 до декември 2008 година, член на управувачката структура на Klett AG во Штутгарт од 2009 до 2012 година, предавач по Меѓународно приватно право на Institute for Law of the University of Vienna од 2004 до 2010 година, член на Универзитетската конференција на SRH University of Heidelberg од октомври 2012 година, и предавач на Универзитетот во Хајделберг од 2014 година. На 18.05.2017 година на Зејтел му беше доделено почесно професорско место на Mannheim University of Applied Sciences for Management, во знак на признание за долгогодишната соработка за развој на практична обука за професионалци во соработка со универзитетот.

Д-р Роналд Глејх
Професорот Глејх е редовен професор по Менаџмент практики и контролиг на Frankfurt School of Finance & Management gGmbH.
Професорот Глејх е извршен директор на Strascheg Institute for Innovation, Transformation, & Entrepreneurship (SITE) на EBS business School од 2007 година. Во 1998 година, тој го завршил својот докторат на University of Stuttgart во областа на Контролингот. Тој ја завршил својата Хабилитација на University of Stuttgart на тема „Системот на мерење на перформансите“ во 2000 година. Од 1998 до 2005 година, тој ја предводеше канцеларијата на Штутгарт за консултантство на „Horváth & Partners“; а од 2002 година и како партнер. Бил професор по Индустриски менаџмент во EBS во 2003 година и бил одговорен за различни области: помеѓу 2003 и 2005 година, тој бил проректор
за образование и директор на EBS; од 2007 до 2012 година, професорот Глејх бил извршен директор на EBS Executive Education GmbH; од 2009 година, тој е раководител на Секторот за операции на EBS (претходно Оддел за управување со иновации и претприемништво).

Доц. Д-р Брижит Спилман
Професорката Спилман е тренер и предавач на интернационалниот Cross Culture Coaching наменет за бизнис и за деловни лица.
Таа студирала и се стекнала со докторат на Johann Wolfgang Goethe University (Frankfort, 1985). Покрај докторат, таа има стекнато и со магистерски студии по правен менаџмент; сертификат во обаста на деловна етика (2015); студии по правен менаџмент на GGS, Heilbronn German Graduate School of Management and Law (2012-2015), полага курсеви и се стекнува со сертификат по англо-американско право, кинескo бизнис право (2014) и курс по реторика во 2010 година.
Нејзините професионални активности започнуваат како консултант за продажба, дел од маркетинг компанија, потоа адвокат во Франкфорт / Мајн. Следниот чекор во развојот на проф. Спилман е како доцент на Институтот за корпоративно право и банкарско право на Johann Wolfgang Goethe University, Frankfort. Во 1982 година станува член на германското адвокатско здружение. Од скоро, таа организира размена на студенти помеѓу Германија и Кореја. Од 2011 година предава на полето на: Европски правен систем; глобална комуникација; правен менаџмент на универзитетите во HUREE ITC – Ulan Bator, Монголија; BEIJING HUAJIA-Beijing, Кина; DONG-EUI-Bussan, Кореја; YONSEI-Seoul, Кореја и WONKWANG-Iksan, Кореја. Од 2015 година, проф. Спилман е исто така тренер по етика. Во нејзиниот професионален живот таа има потпишано бројни соработки, некои од нив се: со Foreign Trade Committee of the Chamber of Commerce Rhein-Neckar; German Korean legal society, Rhein-Neckar In-house Council Forum, ХАјделберг; Goethe Society, Хајделберг; Legal Committee German Brewers Association, Берлин и др.