FORUM Institute for Management, HEIDELBERG (Germany) Наш Партенер во Пилар 1: СЕМИНАРИ & КОНФЕРЕНЦИИ

FORUM Institute for Management, HEIDELBERG (Germany) Наш Партенер во Пилар 1: СЕМИНАРИ & КОНФЕРЕНЦИИ

Досега, повеќе од 300.000 професионалци и директори од сите европски земји учествуваа на настани на ФОРУМ Институтот. ФОРУМ Институт за менаџмент е основан во Хајделберг, Германија во 1979 година. Како еден од водечките професионалци за конференции и семинари во Европа, ние сме посветени да обезбедиме висококвалитетна обука за професионалци и директори. Во 2007 година повеќе од 30,000 директори од многу земји низ целиот свет присуствуваа на конференции и семинари на ФОРУМ. ФОРУМ Институтот ја прошири рамката на меѓународно организирање конференции и семинари во Аликанте, Брисел, Жeнева, Хелсинки, Јапонија, Лондон, Милано, Париз, Хаг, Прага, Виена, Варшава и Цирих. Концентрирани се на следните полиња:

  • Индустрија за снабдување со енергија
  • Финансиски услуги / банкарство
  • Закон за интелектуална сопственост
  • Информациска технологија
  • Осигурување, Контролинг, Оданочување
  • Закон
  • Вештини за менаџирање
  • Фармацевтски / биотехнолошки
ФОРУМ Институтот е исто така вклучен во други полиња на интереси кои имаат среднорочен или долгорочен ефект врз управувањето и стратегијата на компанијата. Покрај ова, се одржуваат специјални конференции како што се Даночен форум, Конференција за одговорност на производите, Фарма-конференција, Меѓународна конференција за трговски марки. Овие конференции се развија меѓу експерти во „Jour-Fixe“. Одличната меѓународна репутација од која ужива FORUM се заснова на стручноста на клучните предавачи. Меѓу нив има личности како што се:
  • Prof. Dr. Joseph Straus
  • The Honourable Mr. Justice Christopher Floyd
  • Dr. Klaus Grabinski
  • Dr. Michael Kock
  • Pierre Véron
  • Jean-Claude Trichet
  • Dr. Murray M. Lumpkin, MD
  • Sir Edward Heath
  • The Hon. Lord Hoffmann
  • Prof. Dr. Martin Feldstein
  • Henry Kaufman
  • Kevin G. Rivette
  • Professor Dr. Hannes Wahlroos

Види повеќе

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on email
Email