Утринска програма на Алфа ТВ, проф. д-р Синиша Наумоски, извршен директор на АБИТ, говори за германскиот модел на специјалистичкото дуално образование кој заедно со германската високообразовна установа „Институт за бизнис и менаџмент Хајделберг“ – Скопје го промовираат и имплементираат во нашата земја.
Овој модел е поставен според германски програми и know-how, со цел да го дополни нашиот образовниот систем со квалитетно стручно образование и да одговори на потребите на компаниите за компетентен стручен кадар, но и за слушателите на програмите кои преку директно менторство на докажани експерти стануваат професионалци во саканата дејност и високо котираат на пазарот на труд.