#ХАЈДЕЛБЕРГинтервју: Запознајте ја Анита Котеска ((“Business Intelligence and Big Data“ specialists)

#ХАЈДЕЛБЕРГинтервју: Запознајте ја Анита Котеска, Менаџер за бизнис развој и развој на продукти во „Јонгис софтвери“ и дел од нашето портфолио на #УспешниПриказни од 4-тата генерација на успешно сертифицирани специјалисти за „Деловна интелигенција и големи податоци“                        

  1. Дали може да дознаеме нешто повеќе за Вас и Вашиот кариерен пат?

Моите почетоци и првото искуство со податоци е на моето прво вработување во АД „Пивара Скопје“ како Бизнис Аналитичар. Притоа, мојата позиција од оваа инстанца сега сметам дека е многу одговорна и важна бидејќи во тој период секое утро за највисокиот менаџмент подготвувам извештаи од секаков тип врз база на кои извештаи се носеа дневни и круцијални одлуки. Подоцна кариерниот пат го продолжив во „Динерс Клуб“ како Директор за Маркетинг каде што повторно податоците имаа вистинска важност при креирање на продукти, нови производи и  понуди. Своевремено во 2015 добив понуда за вработување во врвна интернационална „Cloud communication” компанија лоцирана на Блискиот Исток со канцеларии во 12 држави кадешто повторно мојата задача беше да креирам производи и се грижам за комплетното портфолио на сервиси и услуги на компанијата, а воедно и да го обезбедам растот како втора најголема компанија во индустријата.

  1. Како дојдовте до идејата да се запишете на Академијата за „BI & BIG DATA“?

Сите мои работни процеси од секогаш биле поврзани со податоци, обработка, анализа и носење на одлуки на највиско менаџерско ниво. Притоа иницијално немав никакво двоумење за изборот на институцијата бидеќи сепак станува збор за интернационална институција, која што ми овозможи супериорен предавач, со долгогодишно работни искуство и експертско знаење кое на многу едноставен начин беше пренесен и валоризиран. Тука ќе ја споменам и супериорната алатка која што ја користевме SPSS modeler која што е исто така супериорна во креирање на податоци.

  1. Какво е Вашето искуство со Академијата и дали и колку Ви помогна во тоа што го работите денес?

Секако дека Академијата исклучително ми помогна во моите секојдневни процеси и особено во делот на продуктот кој што го работам за нашите клиенти, комплетно  ERP cloud решение во кое што е интегриран модул за продажба и функционалноста master planning –oт. Оваа функционалност и резултатите од истото се особено важени за клиентите од аспект на предвидување на продажби, очекувани резултати, оптимизирање на залихи, креирање на криви на движење (симулација на резултати) и сл. Искрено верувам дека „Data is the new fuel“, и дека ниедна одлука неможе да се базира на авторитет, директор или менаџмент без аналитика, без податоци и без соодветни алатки.

  1. И за крај, што би им препорачале на идните студенти на програмата „BI & BIG DATA“?

Да ја сфатат потребата и вредноста од интегрирање на ново знаење во доменот во кој што работат, бидејќи BI & BIG DATA се исклучително актуелни и потребни во сите индустрии, нема поле, домен каде што не се застапени, независно дали е медицина, истражување, финансии, консалтинг, енергетика, буквално секаде со тоа што ќе можат да бидат максимално компетентни и наоружани со знаење кое е ексклузивно од аспект на тоа што ќе имаат исклучителна предност да го понудат кај работодавците и да бидат купени или да се продадат само поради тоа што навистина податоците се најмоќната алатка во бизнис процесите и моделирањето.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on email
Email