IBMHS инфо: НОВИ едукативни проекти за ДУАЛНО средно и високо образование

IBMHS инфо: на денешната редовна средба – координација на Управата на германскиот институт (во потесен состав) од една страна, и нивниот претставник во Скопје од друга страна, беше најавена можноста за реализација на неколку значајни проекти во дуалното стручно средно и виско образование во земјите од Западен Балкан.

Имено, на состанокот претседателот Dr. Zeitel предложи, а проф. д-р Ronald поддржа, многу скоро, уште во првата половина на месец Ноември, да се оствари работна средба (во Хајделберг и Манхајм) на проф. д-р Наумоски со Министерството за образование и високи претставници на сојузната покраина Баден-Виртемберг, во југозападна Германија, со цел, основање на филијала за ДУАЛНО образование (средно и високо) за земјите од Западен Балкан со седиште во Скопје, а под менторство на веќе отворениот германски институт Хајделберг на Балканот.

За таа цел, во тек е изработка на програма за имплементација на таквите проекти, при што, со поддршка на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје, Белград и Загреб, како и Хрватската амбасада во Скопје, германската комората AHK во Скопје и Белград, ќе се бара силна поддршка за забрзување на процесите во таа насока.

Исто така, беше нагласена и потребата т.е. побарувачката на стручен кадар од страна на сите германски компании во слободните економски зони во земјите од Западен Балкан и можностите, тие, активно да ги поддржуваат иницијативите за НОВИ едукативни проекти за ДУАЛНО средно и високо образование.

На крајот, беше силно поздравена иницијативата за основање на Совет за дигитална трансформација (DTC- Digital Transformation Council) во рамките на германскиот институт и имплементирањето на членови во истиот, најнапред од редот на бизнисот во ИКТ индустријата и младите лица. Како што се подвлече, на крајот од месец Ноември, се планира и првата конститутивна седница на Советот – DTC.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on email
Email