Интервју со м-р Савица Поп-Тонева, раководител на програмата за дигитален маркетинг во Германската високообразовна установа – Institute for Business and Management HEIDELBERG Skopje

ИСКУСТВО НИ ОВОЗМОЖУВА ДОБЛИЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИТЕ ПРАКТИКИ ДО СТУДЕНТИТЕ И КРЕИРАЊЕ НА СПРЕМНИ ПРОФИЛИ ЗА АКТУЛЕНИТЕ ПРОФЕСИИ

П: Што обезбедува Executive Master in Digital Marketing на Германската високообразовна установа – Institute for Business and Management HEIDELBERG Skopje? Кои модули ќе може да се изучуваат?

О: Мастер програмата за Дигитален Маркетинг обезбедува силна основа во сите основни концепти на дигиталниот маркетинг. Програмата за сертифициран дигитален маркетинг професионалец интегрирана во Master in Digital Marketing на Германскиот институт е дизајнирана од страна на академски професори и експерти во областа на дигиталниот маркетинг, со долгогодишно практично искуство. На програмата ќе се креираат професионалци спремни да одговорат на предизвиците на модерните текови на дигиталниот маркетинг. Низ фузија на теоретски основи со многу практична работа на реални ситуации, ќе се стекнете со неопходните вештини. Ќе добиете сеопфатно разбирање на дигиталниот маркетинг и ќе се стекнете со напредна експертиза.

Преку лепеза на различни модули, слушателите ќе се надградуваат од модул во модул. Од основи на интернет огласување, преку e-mail маркетинг и контент маркетинг, креирање на дигитални стратегии и оптимизација на пребарувачи, основи на фотошоп, креирање и разбирање на креативен бриеф и медиа планирање, па се до буџетирање, ќе се стигне до изграден професионалец во Дигитален Маркетинг.

По завршување на мастер студиите се стекнувате со германска диплома (сертификат), можност за вработување, како и пренесено огромно практично искуство од професионалници со долгогодишна кариера.

П: Со какви вештини и знаење ќе се стекнат студентите на мастер програмата за Дигитален Маркетинг?

О: Оваа програма е дизајнирана за да креира специјалисти за дигитален маркетинг со експертиза од Google Analytics, Google AdWords, маркетинг на социјални медиуми, рекламирање на социјални медиуми и е-маркетинг како суштински придружник. Студентите ќе научат како треба да се комуницира со публиката на социјалните медиуми, како да привлечат повеќе клиенти, како да донесат квалитетни бизнис одлуки од метриките кои им се на распологање, а се добиени преку дигиталните алатки.

Слушателите ќе се стекнат со вештини, кои ќе ги направат конкурентни на пазарот на труд.

П: Кој може да се пријави на Академијата за Дигитален Маркетинг?

О: Академијата е отворена за сите кои имаат желба да ги продлабочат своите знаења од областа на Дигиталниот Маркетинг, како и оние кои сакаат прекваликфикација и стекнување на нови знаења во делот на Интернет Маркетингот. Отворени сме и за сите оние кои се љупобитни како технологијата и маркетингот во фузија ја реализираат крајната цел.

Програмата за дигитален маркетинг е идеална за сите кои се вклучени во процесот на креирање, планирање и спороведување на кампањите, мерење и оценување на ефектите од дигиталните кампањи, како и за оние кои би сакале да се преквалификуваат и да продолжат со професионална кариера во оваа област

П: Дали сметате дека програмата која ја нуди акдемијата е доволно конкурентна и е во тренд со професиите кои се бараат на пазарот?

О: Апсолутно. Мастер програмата (сертификацијата) како дел од Германската високообразовна установа Institute for Business and Management HEIDELBERG Skopje, во соработка со АБИТ ги следи светските трендови и ја прилагодува програмата на потребите на пазарот.

Меѓународното искуство ни овозможува доближување на светските практики до студентите и креирање на спремни профили за актулените професии.

The program, created by top proven professionals with long-term experience in the field, allows them to obtain a German diploma (certificate) for completed professional specialist studies with the title: Certified Digital Marketing Professional, issued by the Higher Education Institution German Institution | Institute for Business & Management Heidelberg Skopje.

Сите слушателите кои веќе се стекнале претходно со најмалку 180 ЕКТС во прв циклус студии, имаат можност со завршување на програмата и со изработка на Мастер теза – студија на случај врз практичен пример, да се стекнат со германски сертификат (диплома ) “Executive Master” издаден од #FORUMInstituteForManagement Хајделберг. (за нашиот партнер FORUM, види повеќе на: https://www.forum-institut.com)

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on email
Email