Средба на претседателот Пендаровски со претставници на германскиот Институт за бизнис и менаџмент Хајделберг Скопје и раководството на др¬жавниот дуален униве¬рзитет од Манхајм – DHBW

На ден 17.05.2022, претседателот Стево Пендаровски прими делегација од германскиот Институт за бизнис и менаџмент Хајделберг Скопје, претставници од управата на Институтот во Хајделберг и Франкфурт и дел од раководството од Државниот дуален универзитет од Манхајм.

На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со формирањето на „Хајделберг Факултет во Скопје“, како установа за додипломски и специјалистички постдипломски студии во областите на податоци и компјутерски науки, банкарство, осигурување и контролинг, со што се воведува германскиот дуален образовен систем во Скопје, со теоретска и практична настава по примерот на државниот дуален универзитет од Манхајм.

Германските претставници беа: проф. д-р Улрих Цајт­ел, претседател на Упр­авниот одбор на Инст­итутот за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ во Скопје, Извршен директор на ФОРУМ Институтот за менаџмент и професор на Хајделберг Универзит­етот во Германија, д-р Бриџит Спилман (член на Одборот на Институтот Хајделбе­рг), проф. д-р Георг Наглер (ректор на Државниот дуален унив­ерзитет за соработка во Баден-Виртемберг -​ The Baden-Württemberg Cooperative State University – DHBW) и Торге Фишер (кон­султант за образован­ие во DHBW).

Тие го информираа претседателот за процесите на евалуација во насока на стекнување на германска акредитација на Факултетот, како и за можностите за основање на германски кампус во Скопје, со цел ширење на германското дуално универзитетско образование во земјите од Западен Балкан.

Претседателот Пендаровски ја поздрави успешната соработка меѓу Институтот Хајделберг Скопје и Државниот дуален универзитет од Манхајм и изрази очекување дека истата ќе придонесе за унапредување на македонскиот образовен систем.

На средбата претседателот Пендаровски посочи дека размената на искуства и преносот на знаења и практики од најдобрите германски универзитети, претставуваат одлична можност за стручно усовршување и практична специјализација на македонските студенти, додавајќи дека воведувањето на современите концепти на дуално образование е важно за создавање на квалификувани кадри уште во текот на образовниот процес и позитивно ќе се одрази на севкупната македонска економија.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on email
Email