На 29 ноември 2018 година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Академијата за банкарство и информатичка технологија – АБИТ и Германскиот институт за бизнис и менаџмент ХЕИДЕЛБЕРГ Скопје
Според Меморандумот, ќе се воспостави долгорочно партнерство, со кое Комисијата за хартии од вреност на РМ, АБИТ и Институтот ќе работат на следново:
- Стручно образование на лица – слушатели на програмите од АБИТ и Високо образовната институција – Германски институт за бизнис и менаџмент Хајделберг – Скопје во областите: финансии, пазар на капитал, претприемништво и менаџмент
- Финансиско образование и зголемување на нивото на финансиска писменост на населението во Република Македонија;
- Помагање преку специјализирана обука и едукација во области: финансии, пазар на капитал, хартии од вредност, банкарство, сметководство, управување и претприемништво;
- Реализација на заеднички семинари и конференции поврзани со пазарот на капитал;
- Промоција на претприемништво како модерна филозофија за бизнис и развој на приватни и јавни, комерцијални и неекономски претпријатија и профитни и непрофитни организации; и
- Помагање на населението во учество во регионални проекти и користење на европски и други меѓународни фондови