ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Овие Услови ќе се применуваат целосно и влијаат на вашата употреба на оваа веб-страница. Користејќи ја оваа веб-страница, се согласивте да ги прифатите сите правила и услови напишани овде.

Лични информации

За успешно да ја обработиме Вашата нарачка, потребни ни се име и презиме на нарачателот, е-маил адреса и телефонски број за контакт, степен на едукација и начин на кој дознавте за нас. Со овие податоци можеме да обезбедиме пристап до саканите продукти, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Во зависност од активноста која сте ја одбрале некои податоци се задолжителни и доколку не ги внесете тие податоци нема да ви биде дозволено да ја извршите таа активност.

Во име на компанијата Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје, се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши клиенти. Ги собираме само неопходните основни податоци за клиентите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците и со цел давање квалитетна услуга. Сите податоци за корисниците грижливо се чувани од губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап. Покрај наведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со продуктите кои нашите посетители ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.

Откривање на вашите информации

Ние нема да ги откриваме, споделиме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица.

Ние може да ги споделуваме вашите податоци со овластени Бизнис провајдери кои извршуваат функции во наше име. Тие активности можат да бидат анализирање на податоци, работење на веб сајтот, решавање на проблеми, обезбедување на служба за корисници, организирање маркетинг активности, доделување купони и сл. Кога правите нарачка, податоците од вашата платежна картичка се процесираат преку платежниот систем на ХАЛК Банка АД Скопје со цел да се потврди плаќањето. На тој начин имаме увид дали трансакцијата е реализирана за да можеме да ја пуштиме во систем вашата нарачка и истата да ја реализираме. Ние го задржуваме правото да ги откриеме вашите лични податоци ако тоа се бара со Закон и доколку откривањето е неопходно за да ги заштитиме нашите права и/или во согласност со судска постапка, судски налог или правен процес во врска со нашата веб страница.

Безбедност

Ние се трудиме да ги заштитиме вашите податоци од неовластен пристап и против незаконската обработка, уништување и оштетување. Вие сте одговорни за одржување доверливост на вашата лозинка која сте ја одбрале за да ви овозможи пристап до одредени делови на веб-сајтот. Ве советуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Иако ние преземаме чекори за заштита на вашите информации, ние не може да ја гарантираме безбедноста на вашите податоци кои се пренесуваат на веб-сајтот, секој пренос е на ваш сопствен ризик.

Промена на вашите лични податоци

Со успешна најава на вашиот профил можете да ги промените вашите податоци кои претходно сте ги внеле при првата регистрација. Доколку сакате да го користите вашиот профил со друга емаил адреса, ќе мора да креирате нов профил со новата емаил адреса и вашите податоци. Доколку сакате да го деактивирате или отстраните профилот може да испратите барање на info@ibmhs.eu. Ние ќе ги чуваме вашите лични податоци се додека профилот е активен. При електронско плаќање на вашите нарачки доколку одберете зачувување на податоците од вашата платежна картичка на уредот и пребарувачот преку кој се логирате, истите ќе бидат зачувани само на тој уред од кој сте се логирале и ние немаме апсолутно никаков пристап до истите.

Согласност и промена на условите

Користењето на нашите сервиси подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. www.ibmhs.eu се обврзува дека ќе се придржува до сè претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа страница.

Повремено можно е менување на нашите услуги. Поради тоа го задржуваме правото да ја ажурираме или измениме политиката за приватност во било кое време и без претходна најава. Ваше право е периодично да ја проверувате политиката на приватност при посета на нашата веб страна.

Контакт

Во секое време ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика на приватност, можете да не контактирате онлајн на info@ibmhs.eu.