CBI & BigData

30 480 

Clear

Certification in Business Intelligence & Big Data

Од практика за практика

Во текот на оваа програма, ќе бидат опфатени повеќе теми кои ја објаснуваат целта, примената и придобивките на Деловната Интелигенција (ДИ) во современите корпоративни информациски системи. Започнувајќи од основните концепти на податоци и податочни типови, ќе бидат опфатени начините на трансформација и организација на податоците во податочните складови и мултидимензионални структури, кои што потоа ја претставуваат основата на системите за подршка при донесување на деловни одлуки. Концептот “големи податоци“ ги објаснува податоците кои по својот волумен и карактеристики се разликуваат од конвенционалните податочни структури. Во програмата се опфатени и концептите на откривање на знаење во податоците, а посебно во “големите податоци“, преку процесот на “ископување“ (data mining), односно примена на алгоритми и техники на вештачка интелигенција врз податоците, за да се откријат информации кои претходно биле непознати или неочекувани. Техниките на визуелизација и презентација на податоците кои произлегуваат од системите за Деловна Интелигенција, се опфатени како посебно поглавје, во кое се истакнати предностите на графичката презентација на знаењето при анализа на комплексни феномени.

Котизацијата за регистрација е вклучена во вкупната котизација на програмата

Стуктура на обуката

Содржина

  1. Вовед во Деловна Интелигенција
  2. Податоци и податочни структури во Делпвна Ителигенција
  3. “Големи податоци”- концепт и примена
  4. Податочни извори и квалитет на податоци
  5. Компоненти на Деловната Интелигенција
  6. Податочен склад како основа на Деловната Интелигенција
  7. Откривање на знаење преку системите за Деловна Интелигенција
  8. Податочни модели во Деловна Интелигенција
  9. Анализа на податоци и мерење на преформанси на бизнисот
  10. Дескриптивна анализа и техники на предвидување во Деловна Интелигенција
  11. Презентација и визуелизација во Деловна Интелигенција
  12. Развој и ризици на системите за Деловна Интелигенција.

Предавач

Раководител на обуката:

Д-р Татјана Василева Стојановска

Татјана Василева Стојановска работи како Советник програмер во Народна Банка на Република Македонија (НБРМ), во секторот за Централно банкарство.

Во 2000 год на последипломските студии на Факултетот за електротехника и информатички технологии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ се стекува со научен степен Магистер по компјутерски науки. Во 2015 год докторската дисертација ја изготвува на тема „Невро-фази на моделирање на видеоконферентен систем за учење на далечина„ и во 2015 година се стекнува со назив Доктор по технички науки на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Професионални проекти во кои што има учествувано Д-р Татјана Василева Стојановска во Народна Банка на Република Македонија се издвојуваат: Статистика за плаќање, Систем за задолжителни резерви, Систем за известување за хартии од вредност и благајнички записи, Софтверски систем на каматни стапки, Софтвер за управување со ризици, Софтвер за главна книга, Инфраструктура на ПКИ и имплементација на дигитален потпис во софтверски системи, Индикатори за финансиска стабилност и адекватност на капиталот, Електронски регулаторни извештаи, Складирање на податоци и деловна интелигенција, проектирање и имплементација на Секторот за Супервизија и Статистика за плаќање.

Има и познавање на програмските јазици и апликации и тоа: Бизнис интелигенција и складирање на податоци, Microsoft SQL Server (програмирање и администрација), Microsoft Visual Studio

(VB.NET, C.NET, ASPX, XML, XSD, HTML, DHTML, SOAP), MathWorks Matlab, IBM SPSS< C/C++, Java скриптирање, Дигитална сертификација/ потпис/ енкрипција (Entrust CA, Miscrosoft CA), IDEA и други CAAT.

Во своето долгогодишно искуство има учествувано на повеќе работилници и семинари, од кои може да се издвојат ИТ Форум за складирање на податоци и деловна интелигенција оранизирани од НБРМ, Податоци за складирање и деловна интелигенција-Холандска банка во Амстердам, Студиска посета на системот за управување со податоци за надворешни статистики (TAIEX програма) Банко де Еспања во Мадрид, Службен курс на Мајкрософт, Семос едукација во Скопје, Имплементирање на складирање на податоци со Microsoft SQL Server 2012, Официјален курс, Имплементирање на модел на податоци и извештаи со Microsoft SQL Server 2012

Цели на специјализацијата

По завршување на програмата, учесниците ќе бидат способни за:

  • Ќе се запознаат со основните концепти на Деловната Интелигенција како податоци и податочни модели, податочен склад, мултидимнзионални бази на податоци, големи податоци, открривање на знаење во бази на податоци и цл.
  • Ќе научат да разликуваат податоци од “големи податоци”
  • Ќе научат како се управуваат и организираат податочните структури во податочен склад
  • Ќе научат техники на анализа на податоци кои се користат во Деловната Интелигенција
  • Ќе се запознаат со алатките за презентација и визуелизација на податоци во системот за Деловна Интелигенција
  • Ќе научат техники за мерење на перформансите во бизнисот
  • Ќе се запознаат со статистичките модели и техники на вештачка интелигенција кои се употребуваат при предвидување на одредени појави врз база на историски податоци

Вкупен фонд на часови:

  • 25

Место на одржување:

  • Институт за Бизнис и Менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје (С. Македонија) / Хајделберг (Германија) или
  • ONLINE во живо на апликацијата ZOOM.US

Динамика на обуката:

  • Еден ден во неделата

Често поставувани прашања

Плаќањето може да го направите дирекно со кредитна картица на самата веб страна при купување на семинар или обука или преку плаќање на фактура на неколку рати, а по претходно потпишан договор.

На програмите за сертифицкација може да се запише секој оној кој сака да се доквалификува или преквалификува за избраната област. За таа цел, поседување на минамални предзнаења од избраната област на секој кандидат се олеснителна околност при изучувањто на програмите. Имено, за програмите, освен последипломските магистески студии, не се бара претходно формално високо образование.

Pillar 1 – Семинари се одржуваат во живо со физичко присуство на однапред определена локација и време. Исто така, семинари се одржуваат и онлајн во живо преку ZOOM платформата. За секој организиран семинар однапред се определени начинот, времето и местото на одржување што се објавува на самата веб страна.

Pillar 2 – Е-learning, предавањата се одржуваат онлајн. Првата категорија е предавања во живо пеку онлајн ZOOM платформата, втората категорија е преку снимени видео материјали (при купување на одредена програма, добивате пристап до видеото кое сте го купиле).

Pillar 3 – Executive Certification се одржуваат во живо со физичко присуство на групата која ја следи програмата, со однапред определен распоред за одржување на предавањата.

НАПОМЕНА: предавањата на повеќемесечните програми се одржуваат после работно време, еднаш или два пати во неделата (за секоја обука е детално објаснето во информациите на самата програма).

Предавачи на сите програми се домашни и меѓународни практичари со најмалку 10 годишно работно искуство во областите кои ги предаваат. На секоја од програмите има експерти предавачи кои стојат на располагање за вие да го „искористите“ нивното know-how.

Секој слушател добива материјали во форма на презентации, вежби, exel-и, книги, дополнители (видео и аудио) материјали и насоки каде можат да добијат повеќе информации за теми поврзани со предавањата за сите кое сакаат да го прошират своето изучување.

На германската високообразована установа Хајделберг Инститит за бизнис и менаџмент во Скопје има акредитирано (во 2018 година) 4 академски програми за магистерски студии, и тоа:

  • – MBA in Finance & Controlling (60 ECTS)
  • – MBA in Finance & Controlling (120 ECTS)
  • – Business Data Governance & Business Informatics (60 ECTS)
  • – Business Data Governance & Business Informatics (120 ECTS)

Право на запишување имаат сите завршени студенти со додипломски студии – „Bachelor“ за едногодишните програми од 60 ЕКТС, кои претходно се стекнале со 240 ЕКТС кредити, додека за запишување на две годишните магистерски програми од 120 ЕКТС, право за запишување имаат студети со претходно стекнати 180 ЕКТС.

ВАЖНО:

  • – со завршување на магистерската програма MBA in Finance & Controlling (60 или 120 ЕКТС) студентите се стекнуваат со престижни меѓународни сертификации (2 од наведените 4

Risk Management (EU Certificate according European Banking Federation in Brussels)
Credit Analysis (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Compliance (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Certified Controller (German Diploma from Germany)

  • – завршување на магистерската програма – Business Data Governance & Business Informatics (60 или 120 ЕКТС) студентите се стекнуваат со престижни меѓународни сертификации (2 од наведените 4):

Certificate CISA / ISACA Certificate
BI & Big Data (German Diploma)
Digital Design Communication
Certification for Developers

ЗОШТО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ IBMHS

Play Video

МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЕДУКАТИВНИ ПРОГРАМИ

Нашите меѓународно признати стандарди за квалитет и германското стручно образование можат да ве издвојат. Курсевите се развиваат од врвни експерти кои ќе ви помогнат да ги добиете најпотребните вештини