CBM

30 480 

Clear

Certified Branch Manager

Од практика за практика

Менаџер на филијала е многу динамична позиција, со многу одговорности и бара многу компетенции за да се биде успешен. Од тој аспект, многу значајно е на оваа позиција Банката да има високо трениран и мотивиран кадар.

Целите на програмата за Сертифициран Менаџер на Филијала се учесниците да ги добијат клучните компетенции (знаење, вештини и однесување) што ќе им овозможат успешно да ја извршуваат улогата на Менаџер на филијала. Овие компетенци ќе бидат обезбедени преку наставна програма од 48 модули преку теоретски предавања, работилници и практички вежби.

Котизацијата за регистрација е вклучена во вкупната котизација на програмата

Стуктура на обуката

Ниво 1

Сертификација за управување со филијала, Ниво 1

БАНКАРСКИ ДЕЛОВНИ КОМПЕТЕНЦИИ

Целта на првата програма е менаџерот на филијала да добие основа во познавањата од различни области кои имаат влијание (директно или индиректно) во работењето на филијала и кои ќе придонесат за негови пошироки познавања од повеќе области на банкарското работење.

  1. Карактеристики на банкарскиот сектор во Република Македонија
  2. Кодекс на етика и корпоративни вредност
  3. Управување со ризици (генерален пристап), Базелски и регулаторни стандарди и работењето на филијалите на Банката ризици
  4. Релевантни Закони од аспект на домашна регулатива
  5. Даночна регулатива
  6. Внатрешна контрола на работењето на филијалата и рано откривање на измами од страна на вработените во филијалите
  7. Анализа на финансиски извештаи и начин на пресметка на показатели релевантни за утврдување на успехот на банката

Ниво 2

Сертификација за управување со филијала, Ниво 2

УПРАВУВАЊЕ И ЛИДЕРСКИ КОМПЕТЕНЦИИ

Втората програма ги претставува моделите на раководење (Leadership) и дава насоки со цел менаџерот на филијала да добие пошироки познавања во областа на менаџмент функциите и менаџмент вештините кои секој менаџер треба да ги поседува. Ефективен лидер во банкарството на мало креира морален компас за сите вработени и ги инспирира сите нив да ги задоволат потребите на клиентите и со тоа да создадат долгорочна профитабилност за банката.

  1. Основни менаџерски функции
  2. Ефективно раководење и раководење со тим
  3. Менаџирање со вработените, менаџирање со таленти и улога на менаџерот како тренер
  4. Ефикасно решавање на конфликти во тимот и конфликтни ситуации со клиенти
  5. Менаџирање во време на промени
  6. Методи на нефинансиско мотивирање
  7. Деловна комуникација и менаџирање на односи со јавноста
  8. Водење на проекти
  9. Вештини на презентирање

Ниво 3

Сертификација за управување со филијала, Ниво 3

БУЏЕТИРАЊЕ, ПРОДАЖНИ КОМПЕТЕНЦИИ, ВЛИЈАНИЕТО НА ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ФИЛИЈАЛАТА И УЛОГАТА НА МЕНАЏЕРОТ НА ФИЛИЈАЛА ВО МОДЕРНОТО БАНКАРСТВО

Целта на третата програма е менаџерот на филијала да добие пошироки познавања од областа на буџетирањето, поставувањето на целите на работењето во филијалите и нивно следење, повисоки познавања во делот на продажбата, продажните вештини и маркетинг стратегии. Воедно, во оваа наставна програма ќе се осврнеме на новата дигитална ера која има влијание на однесувањето на клиентите, на трансформацијата на улогата на филијалата и на промена на улогата на менаџерот на филијала. Новото време носи промена и во однесувањето и очекувањата на клиентите и потребата од развој на алтернативни канали на пристап на клиентите до производите и услугите на банката.

  1. Менаџер-лидер-претприемач
  2. Претприемништво
  3. Буџетирање, поставување и следење на резултатите на ниво на банка и на филијала
  4. Performance Management System
  5. Техники на продажба, градење на продажен тим и менаџирање на односите со клиентите
  6. Финансиски извештаи
  7. Маркетинг
    7.1.Канали на продажба и социјални мрежи
    7.2.CRM (Customer relationship management)
  8. Влијанието на технолошкиот развој на стратегијата на идниот развој на мрежата на филијали и промена во дефинирањето на работните позиции во филијалите

Предавачи

  1. Билал Суџуваши, Претседател на Управен одбор, Халк Банка АД Скопје
  2. Проф. д-р Драгољуб Арсовски, Претседател на Управен одбор, ТТК Банка АД Скопје
  3. Проф. д-р Стевчо Димески, Регионален директор, централен регион, Стопанска Банка АД Скопје (NBG Group)Доц. д-р Нина
  4. Фити Неделковска, претставник на РСМ во Светска Банка од Комерцијална Банка АД Скопје,
  5. Проф. д-р Евица Делова Јолевска, Дирктор на внатрешна супервизија во Народна банка на Република Северна Македонија;
  6. Марјан Кочоски, Регионален директор, НЛБ Банка АД Скопје
  7. Бојана Цветковска Панчевска, раководител на сектор – одговорно лице за превенција за спречување перење на пари и финансирање на тероризам во Комерцијална Банка АД Скопје
  8. Сашо Дренковски, Директор на МСП/ продажба, А1 Македонија ДООЕЛ Скопје
  9. Љупка Ѓорѓиевска, Директор на сектор, оддел за маркетинг и развој, НЛБ Банка АД Скопје
  10. Марија Србиновска, Директор на самостојна дирекција за управување со мрежата на филијали, Комерцијална Банка АД Скопје
  11. Васка Стевковска, Бизнис процеси и организација, Стопанска Банка АД Скопје (NBG Group)
  12. м-р Олгица Спасевска, Директор на сектор за човечки ресурси, Шпаркасе банка АД Скопје
  13. м-р Иво Зимоски, Раководител на одделот за мрежи на филијали, УНИБанка АД Скопје
  14. м-р Александра Мирчовска Раководител на сектор за кредитна анализа и админстрација на големи, средни и мали претпријатија во НЛБ банка АД Скопје
  15. м-р Донка Марковска, Директор на сектор за финансико управување во НЛБ Банка АД Скопје, Division Manager (Financial Management Division)
  16. д-р Вики Русевска Твртковиќ, Директор на сектор за буџетирање и финансико известување во Стопанска банка АД Скопје

Раководители на програмата:

  1. Доц. д-р Нина Фити Неделковска, претставник на РСМ во Светска Банка од Комерцијална Банка АД Скопје,
  2. Татјана Калајџиева, Директор на продажба и мрежа на филијали, Стопанска Банка АД Скопје (NBG Group)
  3. Маја Ставрева Стојанова, Директор на Деловен Сектор – Деловна мрежа, НЛБ Банка АД Скопје.

 

 

Цели на специјализацијата

Во услови на динамична околина во банкарството на мало, улогата на директорот на филијала е одлучувачка во делот на обезбедување на успехот на банката – нејзината репутација и профитабилен раст. Програмата за Сертифициран Менаџер на филијала нуди интегриран пристап на спојување на теорија, практични вештини и меѓународна пракса во делот на поврзаните сегменти и практики од работењето на филијалата, во насока на унапредување на компетенциите на учесниците. Сертификатот за успешно положените модули на програмата подразбира дека кандидатот е обучен во компетенциите кои се бараат за еден успешен модерен менаџер на филијала, и дека тие компетенции во комбинација со практика се добар предуслов за иден успех.

Вкупен фонд на часови:

  • 120

Место на одржување:

  • Институт за Бизнис и Менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје (С. Македонија) / Хајделберг (Германија) или
  • ONLINE во живо на апликацијата ZOOM.US

Динамика на обуката

  • Еднаш неделно од (17:30 до 20:30 часот)

РЕГИСТРАЦИЈА

Често поставувани прашања

Плаќањето може да го направите дирекно со кредитна картица на самата веб страна при купување на семинар или обука или преку плаќање на фактура на неколку рати, а по претходно потпишан договор.

На програмите за сертифицкација може да се запише секој оној кој сака да се доквалификува или преквалификува за избраната област. За таа цел, поседување на минамални предзнаења од избраната област на секој кандидат се олеснителна околност при изучувањто на програмите. Имено, за програмите, освен последипломските магистески студии, не се бара претходно формално високо образование.

Pillar 1 – Семинари се одржуваат во живо со физичко присуство на однапред определена локација и време. Исто така, семинари се одржуваат и онлајн во живо преку ZOOM платформата. За секој организиран семинар однапред се определени начинот, времето и местото на одржување што се објавува на самата веб страна.

Pillar 2 – Е-learning, предавањата се одржуваат онлајн. Првата категорија е предавања во живо пеку онлајн ZOOM платформата, втората категорија е преку снимени видео материјали (при купување на одредена програма, добивате пристап до видеото кое сте го купиле).

Pillar 3 – Executive Certification се одржуваат во живо со физичко присуство на групата која ја следи програмата, со однапред определен распоред за одржување на предавањата.

НАПОМЕНА: предавањата на повеќемесечните програми се одржуваат после работно време, еднаш или два пати во неделата (за секоја обука е детално објаснето во информациите на самата програма).

Предавачи на сите програми се домашни и меѓународни практичари со најмалку 10 годишно работно искуство во областите кои ги предаваат. На секоја од програмите има експерти предавачи кои стојат на располагање за вие да го „искористите“ нивното know-how.

Секој слушател добива материјали во форма на презентации, вежби, exel-и, книги, дополнители (видео и аудио) материјали и насоки каде можат да добијат повеќе информации за теми поврзани со предавањата за сите кое сакаат да го прошират своето изучување.

На германската високообразована установа Хајделберг Инститит за бизнис и менаџмент во Скопје има акредитирано (во 2018 година) 4 академски програми за магистерски студии, и тоа:

  • – MBA in Finance & Controlling (60 ECTS)
  • – MBA in Finance & Controlling (120 ECTS)
  • – Business Data Governance & Business Informatics (60 ECTS)
  • – Business Data Governance & Business Informatics (120 ECTS)

Право на запишување имаат сите завршени студенти со додипломски студии – „Bachelor“ за едногодишните програми од 60 ЕКТС, кои претходно се стекнале со 240 ЕКТС кредити, додека за запишување на две годишните магистерски програми од 120 ЕКТС, право за запишување имаат студети со претходно стекнати 180 ЕКТС.

ВАЖНО:

  • – со завршување на магистерската програма MBA in Finance & Controlling (60 или 120 ЕКТС) студентите се стекнуваат со престижни меѓународни сертификации (2 од наведените 4

Risk Management (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Credit Analysis (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Compliance (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Certified Controller (German Diploma from Germany)

  • – завршување на магистерската програма – Business Data Governance & Business Informatics (60 или 120 ЕКТС) студентите се стекнуваат со престижни меѓународни сертификации (2 од наведените 4):

Certificate CISA / ISACA Certificate
BI & Big Data (German Diploma)
Digital Design Communication
Certification for Developers

ЗОШТО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ IBMHS

Play Video

МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЕДУКАТИВНИ ПРОГРАМИ

Нашите меѓународно признати стандарди за квалитет и германското стручно образование можат да ве издвојат. Курсевите се развиваат од врвни експерти кои ќе ви помогнат да ги добиете најпотребните вештини