CCG&C

30 480 

Clear

Certification for Corporate Governance & Compliance

Опис на програмата

Програмата се одвива врз база на серија предавања од областа на корпоративното управување (corporate governance) со презентација на најновата стручната литература во овој дел и објаснување на барањата на постојната правната регулатива. Потоа презентација на практични прашања и работа на случаи/проблеми кои се значајни за разбирање на правилата на доброто корпоративно упраување. Притоа ниеден од модулите не е поврзан еден со друг, нити е задолжително еден слушател да ги слуша сите модули. Секој од слушателите може да бира кој модул ќе го посетува или дали ќе ги слуша сите модули заедно.

Целна група:

Фокус на финансиските институции и тоа пред сѐ на депозитните финансиски институции (банките и штедилниците), како и на недопозитните финансиски институции (пред сѐ на финансиските друштва и друштвата за осигурување).

Котизацијата за регистрација е вклучена во вкупната котизација на програмата

Стуктура на обуката

Ниво 1

Certification in Corporate Governance & Compliance, Ниво 1

  1. Вовед во корпоративното управување (Corporate Governance) – поим, дефиниции, придобивки и трошок
  2. Правна и институционална рамка на корпоративното управување споредбено и во Македонија (финансиски сектор vs. други индустрии)
  3. “Интерни акти и документи на друштвото
    – Договор за друштвото, односно Статут на друштвото (Тhe Company’s Statute)
    – Кодекс за корпоративно управување
    – Кодекс на етика и корпоративни вредности (Code of Ethics)
  4. Акционери на друштвото и заинтересирани страни (Shareholders and Stakeholders)
  5. Одбори на друштвото, состав и структура (Board Role, Board Committees, Composition and Structure)
  6. Улога на Управниот одбор/Одбор на директори/управителите и нивните права и надлежности (Directors’ Duties and Liabilities)
  7. Обелоденување и транспарентност (Disclosure and Transparency) – поим и обврски кои произлегуваат во поглед на постапување со ценовно чувствителни информации, зделка со заинтересирана страна, внатрешни (инсајдерски) информации, деловна и банкарска тајна и сл.
  8. Обврски за акционерските друштва кои котираат на берза и друштва со посебни обврски за известување
  9. Контрола на финансиските извештаи (Financial Oversight)
  10. Политика за наградување (Remuneration) и менаџерски договори
  11. Присоединување и спојување на акционерски друштва
  12. Поставеност на корпоративното управување кај друштвата за осигурување

Ниво 2

Certification in Corporate Governance & Compliance, Ниво 2

  1. Линии на одбрана (lines of defense) и управување со ризиците (the governance of risk/risk management framework, risk appetite)
  2. Прва одбранбена линија (First Line of Defense) – улогата на Управниот одбор, НО и Одборот на директори и раководителите на деловните организациони единици
  3. “Втора одбранбена линија (Second line of Defense):
    – Организациска поставеност, статус и ресурси на функцијата за управување со ризици и нејзина улога и функции (Chief risk officer, role and responsibilities);
    – Известување за ризиците на кои е изложено друштвото (дали има соодветни извештаи, дали истите се транспаренти, целосни, корисни и навремени извештаи до органите на друштвото);
    – Функциja на усогласеност со прописите (compliance function, role and responsibilities) независност на функцијата, улога и функции-следење на прописите, давање на мислење за нов производ/услуга, известување до високиот менаџмент, проценка на ризици од неусогласеност со прописите, спроведување на контрола (compliance check) и едукација, судир на интереси и корупција и сл.)
  4. Трета одбранбена линија (Third Line of Defense): Функција на внатрешна ревизија (internal audit) – статус, улога и одговорности, опфат на активности, ревизорски циклус, известување до органите на друштвото
  5. Актуарска функција во осигурителните друштва
  6. Соработка со другите организациони делови во друштвото, надворешни институции и регулаторни тела
  7. Улогата и функцијата на надворешната ревизија
  8. Улога и функција на супервизорите

Ниво 3

Certification in Corporate Governance & Compliance, Ниво 3

  1. Заштита на лични податоци (Data Protection Officer) и напади во дигиталниот простор (cyber-security)
  2. Fit& proper критериуми во процесот на лиценцирање на платежните институции
  3. Финтек компании и ризици на нивниот бизнис модел
  4. Ризик од перење пари и финансирање на тероризам (AML/CFT Risk Management and FATCA Officer), рестриктивни мерки и методологија за процена на ризик на ниво на друштво
  5. Ризици поврзани со користење услуги од надворешни лица (Outsourcing risk)
  6. Управување со внатрешни и надворешни измами (Fraud Prevention/Management)
  7. Управување со правен ризик кај банките, финансиските друштва и осигурителните компании (Legal risk management)
  8. Управување со поплаки на клиенти (Complaints management) и заштита на потрошувачи (consumer protection);
  9. Корпоративно управување и новите технологии (Corporate Governance and Blockchain technology)
  10. Е-управување, електронска идентификација, потпис и документација

Предавачи

  1. Д-р Искра И. Стојановска – Самостоен советник, Дирекција за теренска супервизија, Народна банка на Република Северна Македонија
  2. М-р Олгица Спасевска – Менаџер за човечки ресурси во Шпаркасе Банка АД Скопје
  3. М-р Фросина Целеска – заменик директор во дирекција за финансиска стабилност и банкарска регулатива во НБРСМ
  4. М-р Маја Андреевска – Блажевска – Менаџер на Одделение за правни работи, compliance и корпоративно управување (MLRO & Compliance officer) во NBG Bank, Малта
  5. Д-р Ивица Симоновски – Управата за финансиско разузнавање на РСМ
  6. Глигор Пандиловски – Директор на дирекција за контрола на усогласеноста и следење на активности за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во Стопанска банка АД Скопје

Цели на специјализацијата

Модулот 1 ќе ги опфаќа основните постулати на корпоративно управување во трговските друштва (работа на органите на друштвото, права на акционери/содружници, зделка со заинтересирана страна, менаџерски договори, стаутот и договорот за основање на друштвото, објавување на финансиски податоци и изработка на финансиските извештаи) значајни прашања за секое трговско друштво особено за големо акционрско друштво и друштво со ограничена одговорност вклучувајќи ги и компаниите кои даваат мобилни и телекомуникациски услуги и решенија, како и поголемите фарматцевси компании).

Модулот 2 ги опфаќа контролните функции во трговските друштва, со определен акцент на работата на внатрешната ревизја(internal audit function), одделот/лицето одговорно за управување со ризиците (risk function) и одделот/лицето одговорно за работење на друштвото во согласност со прописите (compliance function). Посебно предавање за актуарската функција опфатено со предавачи од регулаторот на осигурителниот пазар и експерти од праксата во областа на осигурителниот бизнис.

Модулот 3 опфаќа постручна обработка на дадени теми кои се поврзани и значајни за добро корпоративно управување од една страна, а од друга страна се важни и карактеристични во времето на засилената дигитална трансформација, појавата на нови финансиски институции во финансискиот пејзаж во земјата, појавата на новите производи и услуги на пазарот, како и новите ризици кои се јавуваат секојдневно како резултатот на новите и модификацијата на постојните производи на пазарот. Во овој дел се обработуваат следните теми: fit& proper критериуми во процесот на лиценцирање на платежните институции, финтек компании и ризици на нивниот бизнис модел, сајбер ризици и осигурување од сајбер ризици, управување со ризикот од перење пари, управување со ризикот од измами, ризици поради користиње услуги од надворешни лица, заштита на личните податоци, електронски документи и електронска идентификација.

Вкупен фонд на часови:

  • 99

Место на одржување:

  • Институт за Бизнис и Менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје (С. Македонија) / Хајделберг (Германија) или

  • ONLINE во живо на апликацијата ZOOM.US

Динамика на обуката:

  • Два пати неделно

РЕГИСТРАЦИЈА

Често поставувани прашања

Плаќањето може да го направите дирекно со кредитна картица на самата веб страна при купување на семинар или обука или преку плаќање на фактура на неколку рати, а по претходно потпишан договор.

На програмите за сертифицкација може да се запише секој оној кој сака да се доквалификува или преквалификува за избраната област. За таа цел, поседување на минамални предзнаења од избраната област на секој кандидат се олеснителна околност при изучувањто на програмите. Имено, за програмите, освен последипломските магистески студии, не се бара претходно формално високо образование.

Pillar 1 – Семинари се одржуваат во живо со физичко присуство на однапред определена локација и време. Исто така, семинари се одржуваат и онлајн во живо преку ZOOM платформата. За секој организиран семинар однапред се определени начинот, времето и местото на одржување што се објавува на самата веб страна.

Pillar 2 – Е-learning, предавањата се одржуваат онлајн. Првата категорија е предавања во живо пеку онлајн ZOOM платформата, втората категорија е преку снимени видео материјали (при купување на одредена програма, добивате пристап до видеото кое сте го купиле).

Pillar 3 – Executive Certification се одржуваат во живо со физичко присуство на групата која ја следи програмата, со однапред определен распоред за одржување на предавањата.

НАПОМЕНА: предавањата на повеќемесечните програми се одржуваат после работно време, еднаш или два пати во неделата (за секоја обука е детално објаснето во информациите на самата програма).

Предавачи на сите програми се домашни и меѓународни практичари со најмалку 10 годишно работно искуство во областите кои ги предаваат. На секоја од програмите има експерти предавачи кои стојат на располагање за вие да го „искористите“ нивното know-how.

Секој слушател добива материјали во форма на презентации, вежби, exel-и, книги, дополнители (видео и аудио) материјали и насоки каде можат да добијат повеќе информации за теми поврзани со предавањата за сите кое сакаат да го прошират своето изучување.

На германската високообразована установа Хајделберг Инститит за бизнис и менаџмент во Скопје има акредитирано (во 2018 година) 4 академски програми за магистерски студии, и тоа:

  • – MBA in Finance & Controlling (60 ECTS)
  • – MBA in Finance & Controlling (120 ECTS)
  • – Business Data Governance & Business Informatics (60 ECTS)
  • – Business Data Governance & Business Informatics (120 ECTS)

Право на запишување имаат сите завршени студенти со додипломски студии – „Bachelor“ за едногодишните програми од 60 ЕКТС, кои претходно се стекнале со 240 ЕКТС кредити, додека за запишување на две годишните магистерски програми од 120 ЕКТС, право за запишување имаат студети со претходно стекнати 180 ЕКТС.

ВАЖНО:

  • – со завршување на магистерската програма MBA in Finance & Controlling (60 или 120 ЕКТС) студентите се стекнуваат со престижни меѓународни сертификации (2 од наведените 4

Risk Management (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Credit Analysis (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Compliance (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Certified Controller (German Diploma from Germany)

  • – завршување на магистерската програма – Business Data Governance & Business Informatics (60 или 120 ЕКТС) студентите се стекнуваат со престижни меѓународни сертификации (2 од наведените 4):

Certificate CISA / ISACA Certificate
BI & Big Data (German Diploma)
Digital Design Communication
Certification for Developers

ЗОШТО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ IBMHS

Play Video

МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЕДУКАТИВНИ ПРОГРАМИ

Нашите меѓународно признати стандарди за квалитет и германското стручно образование можат да ве издвојат. Курсевите се развиваат од врвни експерти кои ќе ви помогнат да ги добиете најпотребните вештини