CERM

30 480 

Clear

Certified Enterprise Risk Management

Од практика за практика

Програмата ги опфаќа најрелевантните теми на подрачјето на управување со најзначајните категории на ризици со кои се соочуваат нефинанскиските институции во нивното работење, а кои ризици можат да предизвикаат значајни последици врз перформансите на претпријатијата. Програмата е концепирана во насока да се разберат целите на едно претпријатие, видовите ризици кои влијаат врз специфичното претпријатие и да се воспостави врска помеѓу целите и ризиците на начин што преку разбирање на концептите за управување со ризиците и ефективните контроли за нивно ублажување, претрпијатијата ќе можат да ја зголемат својата продуктивност и ефективност, а со тоа и својата профитабилност и отпорност на тековни и идни изложености на специфични ризици и потенцијални шокови. Согласно тоа, програмата може да им помогне на претпријатијата да ја зголемат веројатноста за постигнување на своите стратешки цели, да го подобрат идентификувањето на ризиците и заканите и ефикасно да ги распределат и користат ресурсите за намалување на изложеностите на конкретни ризици. Програмата ќе ги опфати најдобрите светски практики и трендови за соодветно управување со ризиците во претпријатијата со целосен фокус и можност за нивна крајна импелементација во прилагодена форма во системите за управување со ризици и системите на контрола во македонските претпријатија, како и во јавните и државните претпријатија и институции и останатите нефинанасиски компании. Ефикасното управување со ризициите ќе им помогне на претпријатијата да ги подобрат своите перформанси и резултати во сопственото макроекономско опкружување.

Согласно горенаведеното, Програмата за Управување со Ризици во Претпријатие е практична обука наменета за менаџери, професионалци, консултанти, како и за внатрешни и надворешни ревизори и специјалисти од јавни институции и органи кои на дневна основа во рамките на претпријатијата се занимаваат со функцијата –„Управување со ризици“.

Котизацијата за регистрација е вклучена во вкупната котизација на програмата

Стуктура на обуката

Ниво 1

Certified Enterprise Risk Management, Ниво 1

  1. Рамка за управување со ризици и Стратегија за ризици
  2. Рамка за апетит за ризик, Профил на ризик, Ниво на толеранција за ризик и Ниво на капацитет за ризик
  3. Свесност за ризик и Култура за ризикУлоги и Одговорности во корпоративното управување
  4. Рамка и Систем за управување со ризици на претпријатието
  5. Управување со оперативен ризик
  6. COSO и COSO модел
  7. Управување со кредитен ризик
  8. Управување со ликвидносен ризик
  9. Управување со пазарен ризик (каматен ризик, валутен ризик и ризик на цена на стоки)
  10. Управување со инвестициски ризик
  11. Управување со Стратегиски, Бизнис и Репутациски ризик
  12. Макроекономски ризици и ефекти врз работењето на
  13. претпријатието
  14. Дискусија и работа во групи

Ниво 2

Certified Enterprise Risk Management, Ниво 2

  1. Рамка за управување со ризици и Стратегија за ризици (case study)
  2. Рамка за апетит за ризик, Профил на ризик, Ниво на толеранција за ризик и Ниво на капацитет за ризик (case study)
  3. Свесност за ризик и Култура за ризик (case study)
  4. Улоги и Одговорности во корпоративното управување (case study)
  5. Рамка и Систем за управување со ризици на претпријатието (case study)
  6. Управување со оперативен ризик (case study)
  7. COSO и COSO модел (case study)
  8. Управување со кредитен ризик (case study)
  9. Управување со ликвидносен ризик (case study)
  10. Управување со пазарен ризик (каматен ризик, валутен ризик и ризик на цена на стоки) (case study)
  11. Управување со инвестициски ризик (case study)
  12. Управување со Стратегиски, Бизнис и Репутациски ризик (case study)
  13. Макроекономски ризици и ефекти врз работењето на претпријатието (case study)
  14. Дискусија и работа во групи

Ниво 3

Certified Enterprise Risk Management, Ниво 3

  1. Рамка за управување со ризици и Стратегија за ризици (креирање на реален модел за специфичната компанија од каде доаѓа слушателот)
  2. Рамка за апетит за ризик, Профил на ризик, Ниво на толеранција за ризик и Ниво на капацитет за ризик (креирање на реален модел за специфичната компанија од каде доаѓа слушателот)
  3. Свесност за ризик и Култура за ризик (креирање на реален модел за специфичната компанија од каде доаѓа слушателот)
  4. Улоги и Одговорности во корпоративното управување (креирање на реален модел за специфичната компанија од каде доаѓа слушателот)
  5. Рамка и Систем за управување со ризици на претпријатието (креирање на реален модел за специфичната компанија од каде доаѓа слушателот)
  6. Управување со оперативен ризик (креирање на реален модел за специфичната компанија од каде доаѓа слушателот)
  7. COSO и COSO модел (креирање на реален модел за специфичната компанија од каде доаѓа слушателот)
  8. Управување со кредитен ризик (креирање на реален модел за специфичната компанија од каде доаѓа слушателот)
  9. Управување со ликвидносен ризик (креирање на реален модел за специфичната компанија од каде доаѓа слушателот)
  10. Управување со пазарен ризик (каматен ризик, валутен ризик и ризик на цена на стоки) (креирање на реален модел за специфичната компанија од каде доаѓа слушателот)
  11. Управување со инвестициски ризик (креирање на реален модел за специфичната компанија од каде доаѓа слушателот)
  12. Управување со Стратегиски, Бизнис и Репутациски ризик (креирање на реален модел за специфичната компанија од каде доаѓа слушателот)
  13. Макроекономски ризици и ефекти врз работењето на претпријатието (креирање на реален модел за специфичната компанија од каде доаѓа слушателот)
  14. Дискусија и форумска дебата

Предавачи

  1. Владимир Давчев, Заменик директор на Сектор за Ризици, НЛБ Банка АД Скопје
  2. Проф. д-р Иван Шверко, Директор на сектор за ризици во PBZ – Invest Zagreb и Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје
  3. Дејан Стаматов, Senior Risk Manager во LENDICO ING Group, Германија
  4. Македонски Телеком АД
  5. CEO Lyca Mobile
  6. Audit Manager ASSECO
  7. CFO TELAMON

Раководител на обуката
М-р Стефан Николиќ,
Извршен директор на Cammeo Group, North Macedoni

 

 

 

 

Цели на специјализацијата

По завршувањето на програмата, учесниците ќе бидат способни:

  • Да дизајнираат, воспостават и имплементираат соодветен систем за управување со ризици во претпријатието, претставен преку политики, процедури, практики и одговорности потребни за воспоставување на соодветни нивоа на управување со ризик во согласност со актуелните стандарди и други барања за специфичната организација;
  • Да ја добијат и разберат големата слика за Рамката за управување со ризици генерално, како и за Рамката за управување со ризици во претпријатие и да стекнат и поседуваат неопходни теоретски и практични “know-how“ компетенции за имплементација на рамката за управување со ризици во нивните претпријатија;
  • Да научат како да го дефинираат апетитот за ризик и стратегијата за ризици во конкретно претпријатие и да воспостават култура за ризик како систем на вредности и однесувања во рамките на претпријатијата и преку зголемена свесност за ризик да овозможат донесување на адекватни одлуки од страна на менаџментот и вработените преку ефикасно управување со ризиците;
  • Да ги идентификуваат, мерат, оценуваат, контролираат и митигираат ризиците на кои се изложени претпријатијата преку соодветно и ефиксано управување врз основа на најдобри практики, модели и стандарди, што води до намалување или избегнување на потенцијални загуби од конкретните ризици;
  • Да ги разберат и навремено антиципираат макроеконмските ризици и да го земат во предвид нивното влијание врз работењето на претпријатието преку прилагодување на неговото функционирање во согласност со состојбите во макро економската околина и актуелните пазарните промени;
  • Да имаат поголема самодоверба во спроведување на Управувањето со ризиците во претпријатието/работното место во согласност со барањата за соодветно корпоративно управување;
  • Да покажат дека со добро и соодветно управување со ризиците во нивното претпријатие, истото ќе стане поотпорно на тековните и идни ризици и шокови и со тоа ќе ја зголеми својата ефикасност и профитабилност.
Вкупен фонд на часови:
  • 120
Место на одржување:
  • Институт за Бизнис и Менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје (С. Македонија) / Хајделберг (Германија) или
  • ONLINE во живо на апликацијата ZOOM.US
Динамика на обуката:
  • Два пати неделно (од 17:00 до 19:00 часот)

РЕГИСТРАЦИЈА

Често поставувани прашања

Плаќањето може да го направите дирекно со кредитна картица на самата веб страна при купување на семинар или обука или преку плаќање на фактура на неколку рати, а по претходно потпишан договор.

На програмите за сертифицкација може да се запише секој оној кој сака да се доквалификува или преквалификува за избраната област. За таа цел, поседување на минамални предзнаења од избраната област на секој кандидат се олеснителна околност при изучувањто на програмите. Имено, за програмите, освен последипломските магистески студии, не се бара претходно формално високо образование.

Pillar 1 – Семинари се одржуваат во живо со физичко присуство на однапред определена локација и време. Исто така, семинари се одржуваат и онлајн во живо преку ZOOM платформата. За секој организиран семинар однапред се определени начинот, времето и местото на одржување што се објавува на самата веб страна.

Pillar 2 – Е-learning, предавањата се одржуваат онлајн. Првата категорија е предавања во живо пеку онлајн ZOOM платформата, втората категорија е преку снимени видео материјали (при купување на одредена програма, добивате пристап до видеото кое сте го купиле).

Pillar 3 – Executive Certification се одржуваат во живо со физичко присуство на групата која ја следи програмата, со однапред определен распоред за одржување на предавањата.

НАПОМЕНА: предавањата на повеќемесечните програми се одржуваат после работно време, еднаш или два пати во неделата (за секоја обука е детално објаснето во информациите на самата програма).

Предавачи на сите програми се домашни и меѓународни практичари со најмалку 10 годишно работно искуство во областите кои ги предаваат. На секоја од програмите има експерти предавачи кои стојат на располагање за вие да го „искористите“ нивното know-how.

Секој слушател добива материјали во форма на презентации, вежби, exel-и, книги, дополнители (видео и аудио) материјали и насоки каде можат да добијат повеќе информации за теми поврзани со предавањата за сите кое сакаат да го прошират своето изучување.

На германската високообразована установа Хајделберг Инститит за бизнис и менаџмент во Скопје има акредитирано (во 2018 година) 4 академски програми за магистерски студии, и тоа:

  • – MBA in Finance & Controlling (60 ECTS)
  • – MBA in Finance & Controlling (120 ECTS)
  • – Business Data Governance & Business Informatics (60 ECTS)
  • – Business Data Governance & Business Informatics (120 ECTS)

Право на запишување имаат сите завршени студенти со додипломски студии – „Bachelor“ за едногодишните програми од 60 ЕКТС, кои претходно се стекнале со 240 ЕКТС кредити, додека за запишување на две годишните магистерски програми од 120 ЕКТС, право за запишување имаат студети со претходно стекнати 180 ЕКТС.

ВАЖНО:

  • – со завршување на магистерската програма MBA in Finance & Controlling (60 или 120 ЕКТС) студентите се стекнуваат со престижни меѓународни сертификации (2 од наведените 4

Risk Management (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Credit Analysis (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Compliance (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Certified Controller (German Diploma from Germany)

  • – завршување на магистерската програма – Business Data Governance & Business Informatics (60 или 120 ЕКТС) студентите се стекнуваат со престижни меѓународни сертификации (2 од наведените 4):

Certificate CISA / ISACA Certificate
BI & Big Data (German Diploma)
Digital Design Communication
Certification for Developers

ЗОШТО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ IBMHS

Play Video

МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЕДУКАТИВНИ ПРОГРАМИ

Нашите меѓународно признати стандарди за квалитет и германското стручно образование можат да ве издвојат. Курсевите се развиваат од врвни експерти кои ќе ви помогнат да ги добиете најпотребните вештини