CPM (WF & AG)

30 390 

Clear

Certified Project Manager (Waterfall&Agile)

Од практика за практика Обуката опфаќа интеграција на двата познати концепти за управување со проекти, секвенцијално и агилно. Концептот на секвенцијално управување со проекти ќе биде разработен во првиот дел од курсот, кој е прифатен и лесно прилагоден во процесите кои комуницираат помеѓу организационите единици во компанијата. Во продолжение, курсот ќе го обработи агилниот концепт на управување со проекти каде студентите ќе се запознаат со терминологијата и техниките кои се користат при овој концепт. Интеграцијата на овие два концепти ќе се обработува преку воведување на ново, флексибилно управување со проекти, подобра примена во пракса и повисоко ниво на управување во зависност од типот на подобра примена во пракса и повисоко ниво на управување во зависност од типот на проектот. Основната цел на обуката е да обезбеди подобро разбирањенза двата концепти за управување со проекти, подобра примена во пракса и повисоко ниво на управување во зависност од типот на проектот. Обуката е предвидено да се спроведе во две нивоа. Во рамките на првото ниво ќе бидат опфатени секвенцијалното и агилното управување со проекти, презентирани на теоретски начин и основна примена. Во рамките на второто ниво на обуката ќе бидат опфатени техники за управување со проекти и воведување на нови ефикасни контролни точки корисни за раководителот на проектот и адекватни алатки. Обуката покрај теоретскиот дел содржи практични вежби кои ќе се дискутираат и групно ќе се оценуваат. Обуката ќе ја спроведат лица со богато искуство како раководители на проекти кои поседуваат меѓународни сертификати. Учесниците на оваа обука ќе имаат можност за работа во групи , каде ќе ги делат своите искуства, покажувајќи лична вештина и креативност за избор на соодветни решенија на различни ситуации од праксата. По завршување на секое ниво, ќе се спроведе тестирање во форма на практично управување на проект поврзано со темите опфатени со соодветното ниво на курсот. Целна група: вработени лица со работно искуство, кои се назначени како раководители на проекти или членови на тимови, како и студенти кои се подготвуваат или имаат интерес за работа на проекти.

Котизацијата за регистрација е вклучена во вкупната котизација на програмата

Стуктура на обуката

Ниво 1

Certified Project Mаnager (Waterfall & Agile), Ниво 1

  1. Секвенцијално управување со проекти– Organizational models – Организациски модели – Истражување на проектот – Одобрување на проектот – Барање за почеток на проектот – Проектен план, известување, проверки – Затворање на проектот
  2. Агилно управување со проекти – Концепти на агилно управување/ Agile manifesto – Осврт на агилни методологии, предности, мани и прифатеност по индустрии – Вовед во SCRUM, теорија и принципи – Артефакти, улоги и церемонии – Дефиниција на готово (Definition of done) и Спринт (Интерација) – Водење на проектот по Scrum рамка – Алатки за агилно управување со проект
  3. Интегрирање на секвенцијално и агилно управување со проект – Споредба на елеметите на секвенцијално и агилно управување со проекти – Поставување на процесот на управување со проекти со интегрирање на секвенцијално и агилно управување со проекти – Основна примена на алатки за управување со проекти
  4. Дискусија и работа во групи (завршна заклучна дискусија за темите од Ниво 1 со цел, сублимирање и проверка на нивото на стекнати знаења преку отворена дискусија и работа на случај во присуство на искусни раководители на проекти).

Ниво 2

Certified Project Mаnager (Waterfall & Agile), Ниво 2

1.  Селекција на ресурси ангажирани во проектот

  • Примена на познати методи за селекција на човечки ресурси
  • Одредување на профили на членови во тимот на проектот
  • Анализа на соодветната селекција на ресурсите во проектот

2. Примена на алатки за управување со проекти

3. Самостојна изработка на документацијата за управување со проекти

4. Напредна примена на секвенцијало и агилно управување со проекти

  • Практични примери за примена на агилно и секвенцијално управување со проекти

5. Дискусија на работа во групи ( завршна заклучна дискусија за темите од Ниво 2 со цел, сублимирање и проверка на нивото на стекнати знаења преку отворена дискусија и работа на случајво присуство на искусни раководители на проекти)

Предавачи

Виолета Велевска е искусен ИТ професионалец, со повеќе од 25 години работно искуство во доменот на Информатичките технологии.

Цели на специјализацијата

По завршување на обуката, учесниците ќе бидат способни за:

  • Идентификација на циклусот на управување со проекти интегрирајќи ги принципите, секвенцијалност и агилност,
  • Практична примена на техниките за управување со проекти,
  • Адекватно користење на алатки за управување со проекти,
  • Изработка на потребната докуметација на проектот,
  • Соодветна селекција на ресурси преку процена на лични вештини за секоја улога во проектот,
  • Примена на напредни техники и алатки за управување со проектот,
  • Самостојност при извршување на улогата раководител на проекти.
Вкупен фонд на часови:
  • 66
Место на одржување:
  • Институт за Бизнис и Менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје (С. Македонија) / Хајделберг (Германија) или
  • ONLINE во живо на апликацијата ZOOM.US
Динамика на обуката:
  • Два пати неделно (17:00 до 19:30)

Често поставувани прашања

Плаќањето може да го направите дирекно со кредитна картица на самата веб страна при купување на семинар или обука или преку плаќање на фактура на неколку рати, а по претходно потпишан договор.

На програмите за сертифицкација може да се запише секој оној кој сака да се доквалификува или преквалификува за избраната област. За таа цел, поседување на минамални предзнаења од избраната област на секој кандидат се олеснителна околност при изучувањто на програмите. Имено, за програмите, освен последипломските магистески студии, не се бара претходно формално високо образование.

Pillar 1 – Семинари се одржуваат во живо со физичко присуство на однапред определена локација и време. Исто така, семинари се одржуваат и онлајн во живо преку ZOOM платформата. За секој организиран семинар однапред се определени начинот, времето и местото на одржување што се објавува на самата веб страна.

Pillar 2 – Е-learning, предавањата се одржуваат онлајн. Првата категорија е предавања во живо пеку онлајн ZOOM платформата, втората категорија е преку снимени видео материјали (при купување на одредена програма, добивате пристап до видеото кое сте го купиле).

Pillar 3 – Executive Certification се одржуваат во живо со физичко присуство на групата која ја следи програмата, со однапред определен распоред за одржување на предавањата.

НАПОМЕНА: предавањата на повеќемесечните програми се одржуваат после работно време, еднаш или два пати во неделата (за секоја обука е детално објаснето во информациите на самата програма).

Предавачи на сите програми се домашни и меѓународни практичари со најмалку 10 годишно работно искуство во областите кои ги предаваат. На секоја од програмите има експерти предавачи кои стојат на располагање за вие да го „искористите“ нивното know-how.

Секој слушател добива материјали во форма на презентации, вежби, exel-и, книги, дополнители (видео и аудио) материјали и насоки каде можат да добијат повеќе информации за теми поврзани со предавањата за сите кое сакаат да го прошират своето изучување.

На германската високообразована установа Хајделберг Инститит за бизнис и менаџмент во Скопје има акредитирано (во 2018 година) 4 академски програми за магистерски студии, и тоа:

  • – MBA in Finance & Controlling (60 ECTS)
  • – MBA in Finance & Controlling (120 ECTS)
  • – Business Data Governance & Business Informatics (60 ECTS)
  • – Business Data Governance & Business Informatics (120 ECTS)

Право на запишување имаат сите завршени студенти со додипломски студии – „Bachelor“ за едногодишните програми од 60 ЕКТС, кои претходно се стекнале со 240 ЕКТС кредити, додека за запишување на две годишните магистерски програми од 120 ЕКТС, право за запишување имаат студети со претходно стекнати 180 ЕКТС.

ВАЖНО:

  • – со завршување на магистерската програма MBA in Finance & Controlling (60 или 120 ЕКТС) студентите се стекнуваат со престижни меѓународни сертификации (2 од наведените 4

Risk Management (EU Certificate according European Banking Federation in Brussels)
Credit Analysis (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Compliance (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Certified Controller (German Diploma from Germany)

  • – завршување на магистерската програма – Business Data Governance & Business Informatics (60 или 120 ЕКТС) студентите се стекнуваат со престижни меѓународни сертификации (2 од наведените 4):

Certificate CISA / ISACA Certificate
BI & Big Data (German Diploma)
Digital Design Communication
Certification for Developers

ЗОШТО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ IBMHS

Play Video

МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЕДУКАТИВНИ ПРОГРАМИ

Нашите меѓународно признати стандарди за квалитет и германското стручно образование можат да ве издвојат. Курсевите се развиваат од врвни експерти кои ќе ви помогнат да ги добиете најпотребните вештини