Pillar 1 – Семинари се одржуваат во живо со физичко присуство на однапред определена локација и време. Исто така, семинари се одржуваат и онлајн во живо преку ZOOM платформата. За секој организиран семинар однапред се определени начинот, времето и местото на одржување што се објавува на самата веб страна.
Pillar 2 – Е-learning, предавањата се одржуваат онлајн. Првата категорија е предавања во живо пеку онлајн ZOOM платформата, втората категорија е преку снимени видео материјали (при купување на одредена програма, добивате пристап до видеото кое сте го купиле).
Pillar 3 – Executive Certification се одржуваат во живо со физичко присуство на групата која ја следи програмата, со однапред определен распоред за одржување на предавањата.
НАПОМЕНА: предавањата на повеќемесечните програми се одржуваат после работно време, еднаш или два пати во неделата (за секоја обука е детално објаснето во информациите на самата програма).