CFMD

30 680 

Clear

CERTIFIED Full-Stack Mobile App Developer

ВОВЕД ВО ПРОГРАМАТА

Развојот на мобилните апликации за популарните iOS и Android платформи подразбира развој на front-end апликации кои работат на мобилниот телефон но и back-end апликации кои работат во компјутерскиот облак. Програмата ќе обезбеди основни знаења за целосен развој на вакво софтверско решение. Академијата за сертифициран full-stack програмер е дизајнирана од страна на професори и експерти во областа на информатиката, со долгогодишно практично искуство.

На академијата ќе се креираат професионалци спремни да одговорат на предизвиците и да ги следат модерните текови во областа на развојот на мобилните апликации и потребниот back-end софтвер. Низ фузија на теоретски основи со многу практична работа ќе се стекнете со неопходните вештини за развивање на цел софтверски проект наменет за користење на мобилни уреди.

Академијата за full-stack е идеална за сите кои се вклучени во процесите на дизајн на софтвер за мобилни уреди, како и за оние кои би сакале да се преквалификуваат и да продолжат со професионална кариера во оваа област.

Карактеристиките на програмата како и стратегиите на предавање се дадени во продолжение:

Програмата за Certified full-stack mobile app developer® се одвива во вкупно 35 модули. Модулите соодветно во нивоа на изучување се распределени на следниов начин: во ниво 1, се содржани 8 модули; во ниво 2 се содржани 8 модули; во ниво 3 се содржани 5 модули; и во ниво 4 се содржани 14 модули. Секое од нивоата содржи по 90 часови пооделно или вкупно целата програма содржи 360 часови.

Секој учесник при аплицирањето за академијата ќе пополни прашалник за самооценка на нивото на знаење.

По завршување на акдемијата, секој учесник потребно è да положи практичен испит, со цел стекнување на сертификатот – Дипломата. Испитот се вреднува 70% од вкупните поени за сертификатот. Останатите 30% од вкупите поени на добивање на сертификатот се однесуваат на оценка на раководителот на програмата кој доставува оценка за учесникот по 3 основи: присуство, критично мислење и ангажираност. Трите категории, носат поединечно по 10% од оценката. Раководителот е должен да ги сумира заклучоците од информациите доставени од страна на секој пооделен предавач на наставните сесии.

Секоја од темите застапени во програмата ќе содржи практични примери за имплементација во секојдневното работење. Методите за презентирање и совладување на темите ќе се одвиваат по принципот на: флексибилност, Learning by doing концепт, работилници, дискусии, работни групи, истражувања.

Котизацијата за регистрација е вклучена во вкупната котизација на програмата

Стуктура на обуката

Ниво 1

Introduction to Java programming

  • Overview
  • Names and things
  • Control
  • Subrutines
  • Objects and classes
  • Arrays
  • Linked data structures nad recursion
  • Generic Programming and Collection Classes

Ниво 2

Programming in Java Spring

  • Getting started with Spring
  • Developing web applications
  • Working with data
  • Securing Spring
  • Working with configuration properties
  • Creating REST services
  • Consuming REST services
  • Deploying Spring

Ниво 3

Android programming

  • Introduction
  • Android and Model-View Controlller
  • Debuging Android Apps
  • UI Fragmetns and the Gragment Manager
  • Displaying lists with recyclerview
  • Creating User Interfaces with Layouts and Widgets
  • Creating Dialogs
  • Creating Toolbars
  • SQLite Databases
  • Implicit Intents
  • Data Binding and MVVM
  • Styles and Themes
  • HTTP and Background Tasks
  • Maps

Предавачи

  1. Климент Симончев
  2. Андреј Златевски
  3. доц. д-р Јован Стошиќ

Предности на Certified Full-Stack Mobile App Developer програмата како дел од College for Developers на Institute for Business and Management HEIDELBERG Skopje:

  • Германска сертифицирана диплома
  • Сигурност (германска програма со предавачи со 20 годишно искуство)

На крајот на специјализацијата добивате:

  1. Германска диплома за завршени стручни специјалистички студии со назив: Certified Full-Stack Mobile App Developer, издадена од Висообразовната германска научна установа – Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје;
  2. Збогатено портфолио на Networking во земјата и странство;
  3. Промоција на Вашето CV на настани во земјата и странство;
  4. Тутор за поддршка во професијата во првата година после завршувањето на студиите; и
  5. Можност да се стекнете со висока ЕУ плата на пазарот на труд во престижни меѓународни компании во земјата и странство

Вкупен број на часови:

  • 270

Настава – Локација:

  • Институт за Бизнис и Менаџмент Хајделбер Скопје (С.Македонија)
  • ONLINE учење преку платформата ZOOM.US ap

Динамика на обуката:

  • Два пати неделено (17:30 до 21:30 часот)

Често поставувани прашања

Плаќањето може да го направите дирекно со кредитна картица на самата веб страна при купување на семинар или обука или преку плаќање на фактура на неколку рати, а по претходно потпишан договор.

На програмите за сертифицкација може да се запише секој оној кој сака да се доквалификува или преквалификува за избраната област. За таа цел, поседување на минамални предзнаења од избраната област на секој кандидат се олеснителна околност при изучувањто на програмите. Имено, за програмите, освен последипломските магистески студии, не се бара претходно формално високо образование.

Pillar 1 – Семинари се одржуваат во живо со физичко присуство на однапред определена локација и време. Исто така, семинари се одржуваат и онлајн во живо преку ZOOM платформата. За секој организиран семинар однапред се определени начинот, времето и местото на одржување што се објавува на самата веб страна.

Pillar 2 – Е-learning, предавањата се одржуваат онлајн. Првата категорија е предавања во живо пеку онлајн ZOOM платформата, втората категорија е преку снимени видео материјали (при купување на одредена програма, добивате пристап до видеото кое сте го купиле).

Pillar 3 – Executive Certification се одржуваат во живо со физичко присуство на групата која ја следи програмата, со однапред определен распоред за одржување на предавањата.

НАПОМЕНА: предавањата на повеќемесечните програми се одржуваат после работно време, еднаш или два пати во неделата (за секоја обука е детално објаснето во информациите на самата програма).

Предавачи на сите програми се домашни и меѓународни практичари со најмалку 10 годишно работно искуство во областите кои ги предаваат. На секоја од програмите има експерти предавачи кои стојат на располагање за вие да го „искористите“ нивното know-how.

Секој слушател добива материјали во форма на презентации, вежби, exel-и, книги, дополнители (видео и аудио) материјали и насоки каде можат да добијат повеќе информации за теми поврзани со предавањата за сите кое сакаат да го прошират своето изучување.

На германската високообразована установа Хајделберг Инститит за бизнис и менаџмент во Скопје има акредитирано (во 2018 година) 4 академски програми за магистерски студии, и тоа:

  • – MBA in Finance & Controlling (60 ECTS)
  • – MBA in Finance & Controlling (120 ECTS)
  • – Business Data Governance & Business Informatics (60 ECTS)
  • – Business Data Governance & Business Informatics (120 ECTS)

Право на запишување имаат сите завршени студенти со додипломски студии – „Bachelor“ за едногодишните програми од 60 ЕКТС, кои претходно се стекнале со 240 ЕКТС кредити, додека за запишување на две годишните магистерски програми од 120 ЕКТС, право за запишување имаат студети со претходно стекнати 180 ЕКТС.

ВАЖНО:

  • – со завршување на магистерската програма MBA in Finance & Controlling (60 или 120 ЕКТС) студентите се стекнуваат со престижни меѓународни сертификации (2 од наведените 4

Risk Management (EU Certificate according European Banking Federation in Brussels)
Credit Analysis (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Compliance (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Certified Controller (German Diploma from Germany)

  • – завршување на магистерската програма – Business Data Governance & Business Informatics (60 или 120 ЕКТС) студентите се стекнуваат со престижни меѓународни сертификации (2 од наведените 4):

Certificate CISA / ISACA Certificate
BI & Big Data (German Diploma)
Digital Design Communication
Certification for Developers

ЗОШТО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ IBMHS

Play Video

МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЕДУКАТИВНИ ПРОГРАМИ

Нашите меѓународно признати стандарди за квалитет и германското стручно образование можат да ве издвојат. Курсевите се развиваат од врвни експерти кои ќе ви помогнат да ги добиете најпотребните вештини