CGD

30 1.200 

Clear

CERTIFIED GRAPHIC DESIGNER

Вовед

Кариера како графички дизајнер

Без разлика дали тоа е теорија на дизајнот или развој на портфолио, анимација, управување со проекти или веб дизајн, можете да го следите сонот со диплома на графички дизајнер. Академијата за графички дизајн ќе ве научи на визулено, креативно изразување и пренесување на порака. Ќе ве научи уште еден јазик на комуникација. Насекаде околу нас, каде и да погледнете го гледате допирот на графичкиот дизајнер, филмови, она што го читате, книги, веб-страници, реклами, логоа, постери, флаери и многу други работи. Академијата за сертифициран графички дизајнер е дизајнирана од страна на академски професори и експерти од областа на графичкиот дизајн, со долгогодишно теоретско и практично искуство. Наменета е се за сите оние кои сакаат да се школуваат, специјализираат, доквалификуваат и да ги развиваат своите вештини во графичкиот дизајн. За сите љубители на уметноста и новите технилогии. Учење и усовршување преку вистински и реални проекти. Целта е создавање на квалитетни специјализирани кадри конкурентни на пазарот. Двата од примарните медиуми за прикажување на вашата идна работа се печатените медиуми и интернет, а тука е и веб-дизајнот. Стекнете се со германска диплома и бидете идниот креативен или арт директор, маркетинг специјалист, мултимедијален дизајнер, аниматор или пак фриленсер.

Карактериските на програмата како и стратегиите на предавање се дадени во продолжение:

Програмата за Certified Graphic Designer се одвива во три модули со што ќе се изучат основно, напредно и експертско ниво.

Секој учесник при аплицирањето за академијата ќе потполни прашалник за самооценка на нивото на знаење.

По завршување на секој модул од програмата, секој учесник потребно è да положи практичен испит, со цел стекнување на сертификатот. Испитот се вреднува 70% од вкупните поени за сертификатот. Останатите 30% од вкупите поени на добивање на сертификатот се однесуваат на оценка на раководителот на програмата кој доставува оценка за учесникот по 3 основи: присуство, критично мислење и ангажираност. Трите категории, носат поединечно по 10% од оценката. Раководителот е должен да ги сумира заклучоците од информациите доставени од страна на секој пооделен предавач на наставните сесии.

Секоја од темите застапени во програмата ќе содржи практични примери за имплементација во секојдневното работење. Методите за презентирање и совладување на темите ќе се одвиваат по принципот на: флексибилност, Learning by doing концепт, работилници, дискусии, работни групи, истражувања.

Котизацијата за регистрација е вклучена во вкупната котизација на програмата

Стуктура на обуката

Ниво 1

Level 1 – BASIC

  1. Adobe Photoshop basic
  2. Adobe Illustrator basic
  3. Colour theory
  4. Elements and Principles of the design
  5. Editing photographs and images
  6. Typography
  7. Introduction to Social media

Ниво 2

Level 2: ADVANCE

  1. Packaging Design
  2. Logo Design
  3. InDesign
  4. Bases of Video Production – Adobe Premiere
  5. Basic Animation – Adobe Animate
  6. Animation in Photoshop
  7. Adobe Acrobat
  8. Portfolio I

Ниво 3

Level 3: EXPERT

  1. Adobe Premiere
  2. Adobe Animate
  3. Adobe Illustrator
  4. Adobe Photoshop
  5. Video and Animation
  6. Brochure Design
  7. Drawing and Illustration
  8. UI & UX
  9. Branding
  10. Web design basic (HTML, CSS, JavaScript)
  11. Social media
  12. Portfolio II

Предавачи

  1. м-р Емилија Ќорнакова – раководител на програмата
  2. Тодор Трајковски – раководител на програмата
  3. Бранко Ристовски

Предности на Certified Graphic Designer програмата како дел од College for Digital Design Communications на Institute for Business and Management HEIDELBERG Skopje:

  • Германска сертифицирана диплома
  • Сигурност (германска програма со предавачи со 20 годишно искуство)

На крајот на специјализацијата добивате:

  1. Германска диплома за завршени стручни специјалистички студии со назив: Certified Graphic Designer, издадена од Висообразовната германска научна установа – Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје;
  2. Збогатено портфолио на Networking во земјата и странство;
  3. Промоција на Вашето CV на настани во земјата и странство;
  4. Тутор за поддршка во професијата во првата година после завршувањето на студиите; и
  5. Можност да се стекнете со висока ЕУ плата на пазарот на труд во престижни меѓународни компании во земјата и странство.

 

Вкупен број на часови:

  • 360

Настава – Локација:

  • Институт за Бизнис и Менаџмент Хајделбер Скопје(С.Македонија)
  • ONLINE учење преку платформата ZOOM.US app

Динамика на обуката:

  • Три пати неделено

Често поставувани прашања

Плаќањето може да го направите дирекно со кредитна картица на самата веб страна при купување на семинар или обука или преку плаќање на фактура на неколку рати, а по претходно потпишан договор.

На програмите за сертифицкација може да се запише секој оној кој сака да се доквалификува или преквалификува за избраната област. За таа цел, поседување на минамални предзнаења од избраната област на секој кандидат се олеснителна околност при изучувањто на програмите. Имено, за програмите, освен последипломските магистески студии, не се бара претходно формално високо образование.

Pillar 1 – Семинари се одржуваат во живо со физичко присуство на однапред определена локација и време. Исто така, семинари се одржуваат и онлајн во живо преку ZOOM платформата. За секој организиран семинар однапред се определени начинот, времето и местото на одржување што се објавува на самата веб страна.

Pillar 2 – Е-learning, предавањата се одржуваат онлајн. Првата категорија е предавања во живо пеку онлајн ZOOM платформата, втората категорија е преку снимени видео материјали (при купување на одредена програма, добивате пристап до видеото кое сте го купиле).

Pillar 3 – Executive Certification се одржуваат во живо со физичко присуство на групата која ја следи програмата, со однапред определен распоред за одржување на предавањата.

НАПОМЕНА: предавањата на повеќемесечните програми се одржуваат после работно време, еднаш или два пати во неделата (за секоја обука е детално објаснето во информациите на самата програма).

Предавачи на сите програми се домашни и меѓународни практичари со најмалку 10 годишно работно искуство во областите кои ги предаваат. На секоја од програмите има експерти предавачи кои стојат на располагање за вие да го „искористите“ нивното know-how.

Секој слушател добива материјали во форма на презентации, вежби, exel-и, книги, дополнители (видео и аудио) материјали и насоки каде можат да добијат повеќе информации за теми поврзани со предавањата за сите кое сакаат да го прошират своето изучување.

На германската високообразована установа Хајделберг Инститит за бизнис и менаџмент во Скопје има акредитирано (во 2018 година) 4 академски програми за магистерски студии, и тоа:

  • – MBA in Finance & Controlling (60 ECTS)
  • – MBA in Finance & Controlling (120 ECTS)
  • – Business Data Governance & Business Informatics (60 ECTS)
  • – Business Data Governance & Business Informatics (120 ECTS)

Право на запишување имаат сите завршени студенти со додипломски студии – „Bachelor“ за едногодишните програми од 60 ЕКТС, кои претходно се стекнале со 240 ЕКТС кредити, додека за запишување на две годишните магистерски програми од 120 ЕКТС, право за запишување имаат студети со претходно стекнати 180 ЕКТС.

ВАЖНО:

  • – со завршување на магистерската програма MBA in Finance & Controlling (60 или 120 ЕКТС) студентите се стекнуваат со престижни меѓународни сертификации (2 од наведените 4

Risk Management (EU Certificate according European Banking Federation in Brussels)
Credit Analysis (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Compliance (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Certified Controller (German Diploma from Germany)

  • – завршување на магистерската програма – Business Data Governance & Business Informatics (60 или 120 ЕКТС) студентите се стекнуваат со престижни меѓународни сертификации (2 од наведените 4):

Certificate CISA / ISACA Certificate
BI & Big Data (German Diploma)
Digital Design Communication
Certification for Developers

ЗОШТО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ IBMHS

Play Video

МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЕДУКАТИВНИ ПРОГРАМИ

Нашите меѓународно признати стандарди за квалитет и германското стручно образование можат да ве издвојат. Курсевите се развиваат од врвни експерти кои ќе ви помогнат да ги добиете најпотребните вештини