CRM&CA

30 480 

Clear

Certified Risk Manager & Credit Analyst

Од практика за практика

Програмата Executive Certification in Risk Management & Credit Analyst (International program for Certified Risk Manager & Credit Analyst) ги опфаќа најрелевантните теми на подрачјето на управување со најзначајните категории на ризици со кои финанскиските институции се соочуваат во нивното работење (кредитниот, пазарниот, ликвидносниот, каматниот и оперативниот ризик). Секако програмата ќе ги опфати како непомалку важни и останатите ризици како правниот, репутацискиот, стратегискиот и ризикот од профитабилност. Посебно внимание ќе се посвети и на т.н. интегрирано управување со ризиците (ERM). Основна цел на обуката e зајакнување на аналитичките способности и практични вештини на учесниците. Преку структуиран и систематски приод при анализа на компанијата и нејзиното окружување да се овозможи донесување на правилна оцена за кредитоспособноста, што е од особено значење за одржување на нивото на квалитетот на кредитното портфолио на банките и крајно за одржување на финансиската стабилност на банкарскиот систем во целина. Програмата претставува интегриран пристап на спојување на теорија, практични вештини и меѓународна пракса во насока на унапредување на компетенциите на учесниците во постапката на изработка на кредитна анализа и интерпретирање на резултатите. Имено, како позначајни теми на програмата се: практиките, постапки и техники во банките поврзани со кредитниот процес; меѓународната регулатива; управувањето со ризиците и анализа на окружувањето, посебно макроекономското. Најзначајниот фокус е насочен кон финансиската анализа на компаниите, поради нејзината клучна улога при донесувањето на одлука за кредит и при мониторирање на клиентот.

Напомена: наставата во ниво 3, (CRM&CA3) се изведува од врвни предавачи од реномираната компанија MOODY’S ANALYTICS од САД, во е-училниците преку online настава во живо (ZOOM.US)

Котизацијата за регистрација е вклучена во вкупната котизација на програмата

Стуктура на обуката

Ниво 1

Certified Risk Manager аnd Credit Analyst, Ниво 1

  1. Банкарскиот сектор, ризици, карактеристики – Еволуција на регулативата за управување со ризици и преглед на Базел и Базелските стандарди
  2. Рамка на управување со ризици и видови ризици
  3. Управување со ризици и параметри на ризичност
  4. Кредитна политика и кредитен ризик
  5. Улога на кредитната анализа, кредитниот аналитичар и кредитната функција
  6. Основи на пазарните ризици (валутен, ликвидносен и каматен ризик)
  7. Останати нефинансиски ризици (оперативен, репутациски, стратегиски, профитабилност и капитал)
  8. Биланс на состојба
  9. Биланс на успех
  10. Анализа на парични текови
  11. Техники на анализа на финансиските извештаи
  12. Квалитативни фактори како дел од кредитната анализа Case study и менторинг

Ниво 2

Certified Risk Manager аnd Credit Analyst, Ниво 2

  1. Анализа на економска состојба и регулативи
  2. Кредитен ризик – оперативно управување и мерење
  3. Оценка на потреба и структура на кредитирање
  4. Кредитирање на микро и мали фирми
  5. Кредитирање според индустрии
  6. Проектно финансирање и синдицирани заеми
  7. Оптимизација на кредитното работење
  8. Проектирање на готовински текови
  9. Управување со колатералот како инструмент за намалување на кредитниот ризик
  10. Анализа на кредитоспособност и разлика помеѓу трансакциски ризик и ризик на клиентот (бонитет)
  11. Scoring системите како алатка за управување со кредитниот ризик во банките
  12. Мониторирање на кредитите и ранопредупредувачки индикатори за можност од ненаплата на кредитот
  13. Напредна сметководствна анализа за финансисти
  14. Категоризација на кредитите и методи за пресметка на кредитни загуби (со посебен осврт на ИФРС 9) Case study и менторинг

Ниво 3

Certified Risk Manager аnd Credit Analyst, Ниво 3

1. Пазарни ризици (валутен и каматен ризик во портфолиото на банкарските активности)
2. Ликвидносен ризик и методи на Базел 3
3. Оперативен ризик и Останати некредитни ризици и ризик на      екстернализација
4.1 ICAAP – општа рамка, компоненти
4.2 Интегрирање и имплементација на интерно утврдување на адекватноста на капиталот
5. Стрес-тест анализите како алатка во процесот на управување со ризици
6.1. Проблематични пласмани и наплата на проблематични пласмани
6.2. Третман на нефункционални и реструктуирани побарувања
7. Кредитен ризик – Стратешко управување
8. Поврзаност на ризиците и финансиските кризи
9. Кредитна функција и управувањето со ризици во услови на дигитализација Case study – барање за кредит

Предавачи

1. World Expert, Mr. John J. Pappas, Senior Director Moody’s Analytics, USA / Canada
2. World Expert, MRs Marie Muldowney, Director Moody’s Analytics, USA / Canada
3. Проф. д-р Иван Шверко, Head Of Risk Management at PBZ Invest – Zagreb и Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ – Скопје
4. Владимир Давчев, Заменик-раковидiтел на оддел за ризици во НЛБ АД Скопје
6. м-р Стефан Николиќ, Раководител на оддел за ризици, Стопанска банка АД Скопје
7. Дејан Стаматов, Сениор Риск Менаџер LENDICO ING Group, С.Р. Германија
8. м-р Александра Мирчовска Раководител на сектор за кредитна анализа и админстрација на големи, средни и мали претпријатија во НЛБ банка АД Скопје
9. м-р Златко Нестороски, Раководител на служба за големи претпријатија во НЛБ банка АД Скопје
10.д-р Марија Сребренова Трендова, Раководител на одделение за процена и мислење на кредитен ризик во Комерцијална банка АД Скопје
11. Михаела Атанасова Стоичовска, Заменик-директор на сектор за изготување на кредитни предлози во Стопанска банка АД Скопје, Сектор за кредитни предлози

Портфолио на гости – предавачи на online панел дискусии

12. д-р Маја Стевкова Штериева, Член на УО на Комерцијална банка АД Скопје и претседател на МБА
13. м-р Тони Стојановски, Член на УО во Стопанска банка АД Скопје
14. проф. д-р Евица Делова Јолевска, Директор на дирекција за внатрешна супервизија во НБРСМ, Сектор супервизија
15. д-р Фросина Целеска, Заменик директор во дирекција за финасиска стабилност и банкарска регулатива во НБРСМ
16. д-р Илија Андовски, Дирекција за внатрешна супервизија во НБРСМ
17. Богоја Китанчев, Раководител на оддел за ризици во НЛБ АД Скопје
18. Лидија Сарафимова-Даневска, Сениор аналитичар во НБРСМ
19. Весна Ненчева, Директор на сектор за управување со ризици во Стопанска банка АД Скопје
20. Мирко Аврамовски, Директор на сектор за наплата во Стопанска банка АД Скопје
21. Игор Бислимовски, Одговорен за сигурност на ИТ системот во Комерцијална банка АД Скопје
22. д-р Никола Џамбазовски, Директор на дирекција за управување со проблематични кредити во Комерцијална банка АД Скопје
23. Илија Мирчевски, Главен координатор за кредитирање во сектор за кредитирање на стопанство во Комерцијална банка АД Скопје
24. Горан Василевски, Раководител на служба за кредитна анализа и администрација на мали и микро претпријатија во НЛБ банка АД Скопје
25. Љупчо Милошески, Директор на сектор за правни работи и управување со кабинет на УО во Стопанска банка АД Битола, Директор на правна дирекција и УО
26. м-р Донка Марковска, Директор на сектор за финансико управување во НЛБ Банка АД Скопје, Division Manager (Financial Management Division)
27. Андреј Ефтимов, Раководител на Служба за документирање на услуги при НЛБ Банка АД СКОПЈЕ
28. Проф. д-р Зоран Колев, ТТК Банка АД Скопје, Комисионер при Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија
29. Тодорка Жабева, Директор на сектор за управување со податоци, НЛБ Банка АД Скопје

Цели на програмата

По завршувањето на програмата, учесниците ќе бидат способни:

  • соодветно разбирање на интерната контролна средина и управувањето со ризиците во финансискиот сектор;
  • преглед и разбирање на релевантни методи за управување со финансиските и нефинансиските ризици;
  • поседување на нужни теориски и практични “know-how“ компетенции во имплементација на соодветна рамка на управувањето со ризици;
  • олеснето разбирање на актуелни пазарни промени и нивно влијание врз финансиската состојба на макро и микро ниво вклучувајќи ги и интерните финансиски импликации;
  • преку примена на структуиран и системски пристап за проценка на клиентот од корпоративниот сектор да ги опишат и поврзат факторите кои влијаат на неговата кредитната способност и способност да ги сервисира долговите во иднина;
  • да направат избор на квалитативни и квантитативни алатки и да изработат длабинска анализа на финансиските извештаи на компаниите во насока на оцена на нивните перформанси;
  • да направат селектирање на резултатите од севкупна макро и микро анализа, деловната и конкурентска позиција на клиентот и да донесат одлука за кредитирање базирана на проценка на ризиците и способноста за плаќање;
  • да ги предвидат клучните фактори кои влијаат на способноста/ веројатноста на клиентот да го враќа кредитот во иднина и да ја предвидат можноста од создавање на лоши пласмани;
  • да ги знаат техниките на структуирање на пласман, оценка на инвестиција, оценка на проектно финансирање и да ја сфатат потребата од документарното работење на банките;
  • да го разберат влијанието на одлуката на менаџментот за кредитирање врз квалитетот на кредитното портфолио на банките, трошокот за банката преку издвојување резервации и потребата од заштита на капиталот на акционерите.

Вкупен фонд на часови:

  • 100

Место на одржување:

  • Институт за Бизнис и Менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје (С. Македонија) / Хајделберг (Германија) или
  • ONLINE во живо на апликацијата ZOOM.US

Динамика на обуката:

  • Два пати неделно (од 17:00 до 19:30)

Често поставувани прашања

Плаќањето може да го направите дирекно со кредитна картица на самата веб страна при купување на семинар или обука или преку плаќање на фактура на неколку рати, а по претходно потпишан договор.

На програмите за сертифицкација може да се запише секој оној кој сака да се доквалификува или преквалификува за избраната област. За таа цел, поседување на минамални предзнаења од избраната област на секој кандидат се олеснителна околност при изучувањто на програмите. Имено, за програмите, освен последипломските магистески студии, не се бара претходно формално високо образование.

Pillar 1 – Семинари се одржуваат во живо со физичко присуство на однапред определена локација и време. Исто така, семинари се одржуваат и онлајн во живо преку ZOOM платформата. За секој организиран семинар однапред се определени начинот, времето и местото на одржување што се објавува на самата веб страна.

Pillar 2 – Е-learning, предавањата се одржуваат онлајн. Првата категорија е предавања во живо пеку онлајн ZOOM платформата, втората категорија е преку снимени видео материјали (при купување на одредена програма, добивате пристап до видеото кое сте го купиле).

Pillar 3 – Executive Certification се одржуваат во живо со физичко присуство на групата која ја следи програмата, со однапред определен распоред за одржување на предавањата.

НАПОМЕНА: предавањата на повеќемесечните програми се одржуваат после работно време, еднаш или два пати во неделата (за секоја обука е детално објаснето во информациите на самата програма).

Предавачи на сите програми се домашни и меѓународни практичари со најмалку 10 годишно работно искуство во областите кои ги предаваат. На секоја од програмите има експерти предавачи кои стојат на располагање за вие да го „искористите“ нивното know-how.

Секој слушател добива материјали во форма на презентации, вежби, exel-и, книги, дополнители (видео и аудио) материјали и насоки каде можат да добијат повеќе информации за теми поврзани со предавањата за сите кое сакаат да го прошират своето изучување.

На германската високообразована установа Хајделберг Инститит за бизнис и менаџмент во Скопје има акредитирано (во 2018 година) 4 академски програми за магистерски студии, и тоа:

  • – MBA in Finance & Controlling (60 ECTS)
  • – MBA in Finance & Controlling (120 ECTS)
  • – Business Data Governance & Business Informatics (60 ECTS)
  • – Business Data Governance & Business Informatics (120 ECTS)

Право на запишување имаат сите завршени студенти со додипломски студии – „Bachelor“ за едногодишните програми од 60 ЕКТС, кои претходно се стекнале со 240 ЕКТС кредити, додека за запишување на две годишните магистерски програми од 120 ЕКТС, право за запишување имаат студети со претходно стекнати 180 ЕКТС.

ВАЖНО:

  • – со завршување на магистерската програма MBA in Finance & Controlling (60 или 120 ЕКТС) студентите се стекнуваат со престижни меѓународни сертификации (2 од наведените 4

Risk Management (EU Certificate according European Banking Federation in Brussels)
Credit Analysis (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Compliance (EU Certificate according to European Banking Federation in Brussels)
Certified Controller (German Diploma from Germany)

  • – завршување на магистерската програма – Business Data Governance & Business Informatics (60 или 120 ЕКТС) студентите се стекнуваат со престижни меѓународни сертификации (2 од наведените 4):

Certificate CISA / ISACA Certificate
BI & Big Data (German Diploma)
Digital Design Communication
Certification for Developers

ЗОШТО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ IBMHS

Play Video

МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТИ ЕДУКАТИВНИ ПРОГРАМИ

Нашите меѓународно признати стандарди за квалитет и германското стручно образование можат да ве издвојат. Курсевите се развиваат од врвни експерти кои ќе ви помогнат да ги добиете најпотребните вештини