Институтот ХАЈДЕЛБЕРГ во Скопје, организира бесплатна форумска дебата со експерти за психологија и личен развој, на тема: УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ ВО УСЛОВИ НА КРИЗА (CОVID 19) Гостин: Рем Гилбоа, еден од најдобрите психолози во Израел Во неговото минато, Рем студирал антропологија и бизнис менаџмент во САД и продолжил со студии за историја, филозофија и науката за социологија со осврт на психологијата на креирање на идеи во Израел. Тој живеел Јужна Кореја околу 8 години, каде што работел за Израелската амбасада, предавал на Универзитетот во Ј. Кореја и бил консултант за неколку корејски владини деловни организации. Рем живее во Израел и е сопственик на „STARTUP Медика“, компанија која e иновативна во индустрија со производство на медицинските помагала (инвалидски колички). Напомена: Местата се ограничени! За таа цел, учеството на овој online форумската дебата ќе ви биде потврдено по e-mail.
- Почеток – крај на семинарот: 17:00pm до 18:00pm
- Датум на одржување: 14.04.2020
- Семинарот ќе се реализира онлине преку ZOOM.US апликацијата. HEIDELBERG Online Forum Debate е бесплатна и отворена.
- Вкупниот број на апликанти е ограничен на 70.
- Гостин говорник: Рам Гилбоа, еден од најдобрите психолози во Израел
- Говорници: Вера Димовска, Експерт за Гешталт терапија, проф. др. Константин Петковски, м-р Мирјана Алексова,, проф. др. Љупчо Кеверески
https://www.facebook.com/ibmhs.eu/videos/1746324392174720 https://www.facebook.com/ibmhs.eu/videos/1093532824364269