Германската високообразовна установа | Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје, има за цел, да ја доближи ЕУ експертизата за успешност при апликацијата на Општинските образовни установи за проектите на ЕУ. За таа цел, ја започнавме интегралната обука за првата група учесници, на тема: “Проектен менаџмент и спроведување истражувања во образовните организации” во СОУ “Никола Карев” во Струмица. Имено, во првата група, распределени во 8 проектни тимови, учество земаа 40 слушатели. Во натамошниот период, интегралната програма за проектен менаџмент ќе се развива и на целата територија на државата. Котизацијата за обуката изнесува 12.000 денари за целата група од 5 члена од едно училиште.
- Почеток – Крај на семинарот: 10:00pm to 15:00pm
- Датум на одржување: 18.10. и 19.10.2019
- Семинарот ќе се реализира во гимназијата „Никола Карев“ во Струмица (Р.С. Македонија)
- Котизацијата за обуката изнесува 12000 ден.
- Вкупниот број на апликанти е ограничен на 40.
- Обучувачи: проф. др. Константин Петковски и м-р Наташа Аврамска