“АКАДЕМИЈАТА ИСПОЛНИ ПОВЕЌЕ ОД МОИТЕ ОЧЕКУВАЊА И ОБЕЗБЕДИ СИЛНА ОСНОВА ВО СИТЕ КОНЦЕПТИ НА ДИГИТАЛНИОТ МАРКЕТИНГ.
“Бев дел од првата генерација слушатели на програмата за дигитален маркетинг на Хајделберг Институтот. Програмата траеше 2 семестри со можност за изработка на труд и стекнување со Мастер диплома, предизвик кој подоцна со задоволство го прифатив.
Како дипломиран економист со повеќе од 10 години работно искуство секогаш бев во тек во новите трендови, особено во сферата на маркетингот. На овој начин добив желба да се усовршам во сферата на дигитален маркетинг, област кон која имав особен интерес и во денешно време е се поактуелна.
Пред да донесам конечна одлука и да се пријавам за учество на оваа академија размислував за неколку различни академии кои нудеа слична едукација. Но, деталната програма на предмети кои ќе се изучуваат, интернационалната германска сертификација, големиот број часови посветени на реални проекти, вработените кои секогаш беа подготвени за дополнителни прашања се само дел од деталите кои придонесоа за мојата конечна одлука.
Академијата исполни повеќе од моите очекувања и обезбеди силна основа во сите концепти на дигиталниот маркетинг. Преку запознавање на основите на дигитален маркетинг, креирање маркетинг стратегии, маркетинг преку социјални медиуми, емаил маркетинг, медиа планирање, Google рекламирање, PR маркетинг, изработка на веб страна во WordPress и запознавање со основите на Photoshop денес сум целосно подготвена за нов правец во мојата кариера. Програмата е исто така подготвена и за почетници или професионалци од друга област кои имаат желба за преквалификација.
Предавачите и мојот ментор се професионалци во оваа област со долгогодишно искуство кои несебично го пренесоа своето знаење. Низ голем број на дискусии, работа на реални проекти и споделување на идеи се чувствувам подготвена да одговорам на предизвиците и модерните текови на дигиталниот маркетинг.
Дигиталниот маркетинг е област која бара постојано да се биде во тек со новите трендови и постојано усовршување. Оваа академија ми овозможи силна основа и знаење за да можам успешно да ги следам новите текови и да се прилагодам на нив.
Во денешно време дигиталниот маркетинг е област која е се повеќе барана од секој вид на бизнис и побарувачката на професионалци расте од ден на ден. Можностите се неограничени и ги охрабрувам сите кои имаат интерес во оваа област за доусовршување или целосна преквалификација да се едуцираат во оваа област без разлика дали оваа професија ќе биде ваша основна или дополнителна дејност.”