Уникатен пристап кон интегрирање на уметностите за предавање на банкарство, controlling и ИТ

ЦЕЛИ НА IBMHS

Создавањето на современи концепти на специјалистичко последипломско образование и поставување на нови професионални образовно-стручни стандарди базирани на практика претставуваат една од основните цели на програмата. Тоа подразбира развој на научно-студиски програми од втор и трет циклус во партнерство со меѓународни престижни високообразовни установи и спроведување на научни истражувања во областите на: менаџмент, бизнис, финансии, банкарство, контролинг и информатички технологии.   

Цел на програмата е и предизвикот да се развива реализација на меѓународна сертификација со EКТС кредити во партнерство со „Академија за банкарство и информатичка технологија (АБИТ)“ – Скопје во областите на банкарството и информатичките технологии. Програмата ја изразува потребата да се постават цели кои се темелат на вработување на студентите кои ќе се запишат на Институтот согласно принципот „работи-студирај“ во текот на времетраењето на целиот циклус на студии, како и помагање преку специјализиран тренинг и сертификација во областите на: менаџмент, банкарство, сметководство, контролингинформатички технологии и претприемништво (модел на „е-учење“).

Како цели на програмата се и реализација на домашни и меѓународни семинари и конференции во партнерство со германскиот институт „ФОРУМ Институт за менаџмент“ Хајделберг (Германија), во областите на: менаџмент, фармација и здравство, патентирање, трговски марки и лиценци, финансиски услуги, човечки ресурси, контролинг, даноци, сметководство и информатички технологии, личен развој на менаџерите и асистент менаџерите и правото.

СОРАБОТКА СО ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ

Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг – Скопје, во основање, негува виско ниво на деловни односи со поединци и организации кои се надвор од непосредна контрола на управување, а имаат директно влијание врз способноста за постигнување на очекуваните резултати на сите засегнати страни. Имено, организации кои имаат директно влијание врз способноста за постигнување на очекуваните резултати на сите засегнати страни на Институтот, се истакнати образовни организации, и тоа:

  • FORUM Institute of Management – Heidelberg (Germany),
  • C & MEA – Controlling & Management Excellence Academy (Germany)
  • University of Applied Management Studies – Mannheim (Germany),
  • Strascheg Institute for Innovation and Entrepreneurship – SIIE (Germany),
  • University of Applied Sciences – Stern (Austria),
  • Frankfurt School of Finance & Management (Germany)
  • Academy of Banking and Information Technology – ABIT  

како и повеќе истакнати членки на Европската асоцијација за банкарски тренинг од Брисел (ЕУ), во состав на Европската банкарска федерација, како и со повеќе истакнати членки од Меѓународната група за контролинг со седиште во Австрија.

Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг – Скопје, соработува и со останати истакнати меѓународни образовни организации, органи и тела во земјата и во странство согласно законските прописи по повеќе прашања за проблемите и предизвиците во развојот на бизнисот, менаџментот, финансиите, банкарството и информатичките технологии:

  • Соработка по прашања и проблеми од заедничите програми со партнерите од земјите членки на ЕУ и од национален интерес со соодветни институции во државата чиј фокус е во разни области на претприемништвото и неговата поврзаност со современото банкарство и новите информатички технологии, како: заеднички проекти, студии, претприемачки статегии од локално, регионално и национално значење и др.
  • Подготвување на програми за цели на развој на истражувачки проекти за современите тенденции и предизвици во формалниот образовен систем за имплементација на сертификацијата (како неформална) во делот на формалното извршно последипломско образование. 
  • Давање на стручно мислење за нормативни акти и прописи од сверата на бизнисот, менаџментот и финансиите, како израз на резултатите од научно-истражувачката работа. Соработка по основ на други прашања кои се од заеднички интерес на Институтот и соодветните институции во Република Македонија.
  • Остварување на долгорочна соработка со надворешни научно-истражувачки институции, универзитети, факултети, академии и сл. во програмите од заеднички интерес, формирање на заеднички меѓународни истражувачки проектни тимови како дел од концептот на интегративните европски процеси за реализација на заедничките проекти.

ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

Согласно програмата за работа на научно-истражувачката работа на Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг – Скопје, покрај изработката на разни видови на проекти, програми, студии и друго, ќе се занимава со издавачка и библиотекарска дејност: организирање и воведување на стручна издавачка дејност, организирање на семинари, симпозиуми, научни конференции, стручни и научни советувања, дебати, форуми и публикување на содржините од нив во зборници и друг вид публикации (повеќе јазични) со меѓународно претставување и научна комуникација.

ПРОГРАМСКИ СОДРЖИНИ

Програмските содржини на научно-истражувачката работа се поврзани со создавањето на современи концепти на специјалистичко образование и професионални образовно-стручни стандарди базирани на практика во проблематиката на: бизнисот, менаџментот, финансиите, банкарството и информатичките технологии.

Програмската структура на дејноста како предмет за работа на Институтот во себе содржи: 

1. Програмирање на научно – истражувачката работа

  • Меѓународен менаџмент за продажба,   
  • Менаџмент на човекови ресурси, 
  • Менаџмент на информатички технологии,
  • Меѓународен менаџмент и лидерство,
  • Сертифициран ризик менаџер,
  • Сертифициран менаџер за усогласеност,
  • Сертифициран кредитен аналитичар,
  • Сертифициран менаџер на филијала,
  • Сертифициран сметководствен специјалист,
  • Сертифициран контролор,
  • Сертифициран банкар на мало,
  • Сертифициран менаџер за финансирање на трговија,
  • Специјалист за информатички технологии. 

3. Истражувачка работа во областа на менаџмент

  • Наука за организација,
  • Теорија и организација на деловните системи,
  • Менаџмент систем,
  • Банкарски менаџмент,
  • Стратешки менаџмент,
  • Сметководствен менаџмент,
  • Финансиски менаџмент,
  • Маркетинг менаџмент,
  • Меѓународен менаџмент,
  • Логистика,
  • Деловно комуницирање,
  • Одлучување,
  • Менаџмент во администрација,
  • Менаџмент во аграрот,
  • Мнеаџмент во здравство,
  • Менаџемнт во образование,
  • Менаџмент во осигурување,
  • Социјален менаџмент,
  • Менаџмент во царина и шпедиција,
  • Управување со човечки ресурси.

5. Истражувачка работа во областа на финансии, сметководство и контролинг

  • МСФИ за мали и средни претпријатија,
  • Сметководствено – даночно сметководство,
  •  Сметководство на трговски стоки и сметководство на производство,
  • Банкарско сметководство,
  • Буџетско сметководство,
  • Контролинг системи,
  • Контролинг менаџмент,
  • Извештаи за менаџментот,
  • ИГЦ модел во процесот на контролинг,
  • КПИ процес на контролинг,
  • Современ буџетинг,
  • Стратешки бизнис план,
  • Анализа на финансиски извештаи во функција на контролингот,
  • Напредна финансиска анализа,
  • Современи концепти на ревизија,
  • Корпоративни финансии,
  • Финансиски менаџмент,   
  • Интерна ревизија,
  • Факторинг и форфетинг,
  • Усогласување на работењето на финасиските институции,
  • Избор, примена и обелоденување на промената во сметководствената политика во осигурувањето, 
  • Банкарско осигурување,
  • Канали на дистрибуција на производите во осигурувањето.

2. Истражувачка работа во областа на бизнис

  • Претпремништво и мал бизнис,
  • Бизнис психологија за успех,
  • Унапредување на услугите кај купувачите,
  • Продажба,
  • Наполеон Хил бизнис принципи,
  • Бизнис сметководство,
  • Бизнис менаџмент,
  • Бизнис опкружување,
  • Бизнис комуникација,
  • Бизнис етика.

4. Истражувачка работа во областа на банкарство

  • Базелски стандарди,
  • Интерни проценки на адекватност на капитал,
  • Бизнис интелегенција во банкарство,
  • Банкарски работи со правни и физички лица,
  • Наплата на побарувања и проблематични пласмани,
  • Банкарство на мало,
  • Управување со банкарска мрежа,
  • Области и функции на усогласеност со прописи,
  • Финасирање на трговија,
  • Кредитирање, финасиска анализа и проект менаџмент,
  • Управување со ризици и известување,
  • Ревизија, внатрешна контрола и МСФИ и оданочување,
  • Финансиски пазари и меѓународни трансакции,
  • Финансиски и банкарски производи и операции.

6. Истражувачка работа во областа на информатичките технологии

  • Менаџирање на информациски системи,
  • Управување со системи,
  • Теорија на системи и контрола,
  • Информациони системи и програмирање,
  • Програмски јазици и системи,
  • Нумеричка анализа,
  • Вештачка интелегенција,
  • Сметачки интегирани методи и интеграции, 
  • Симулација,
  • Развивање на софтвер и бази на податоци,
  • Архитектура на сметачки системи,
  • Бази на податоци,
  • Обработка на информации,
  • Процесирање на податоци. 

7. Управување со проекти

  • Управување, кадри, договарање, квалитет и ризик на проектот при проектирање на проектната задача,
  • Планирање, следење и контрола на проектот и потребните активности во реализација на проектот,
  • Програмирање на менаџментот (програма, процес, појава, организација на проектот и мулти – проектно управување).