ШТО ПОНАТАМУ?

КООРДИНАТИВНА СРЕДБА СО УПРАВАТА НА ХАЈДЕЛБЕРГ ИНСТИТУТОТ ВО СКОПЈЕ

Во пресрет на деветтата седница на управата на Хајделебрг Институтот во Скопје, претставникот на АБИТ и претседател на академскиот совет, проф. д-р Наумоски, оствари работна средба за координација со дел од членовите на акционерското собрание на високообразовната установа во Хајделебрг Институтот во Скопје.

Оттука, на состанокот се разгледуваа резултатите од работењето во минатата година и беа презентирани плановите и стратешките насоки на управата на Институтот, со закажана средба за крајот на јануари 2022 година, во Хајдлелбер (С.Р. Германија).

Имено, на деветиот состанокот на деканската управа ќе биде предложена точката за засилување на тимот на Хајделберг Институтот преку соработка со двајца истакнати професори:

– проф. д-р Карл А. Ламерс, кој 26 години беше пратеник во германскиот Бундестаг и член на НАТО парламентарното собрание, како и почесен конзул на Естонија, надлежен за државата Баден Виртемберг (сојузната државата во Германија која прва го воведува системот на дуално образование во средните училишта и универзитети); и

– претставник од државниот универзитет во Манхајм кој ќе го води четвртиот столб (Pillar 4) – „IBMHS University“.

За таа цел, од 2022 година, со новите членови во управата започнува соработка во насока на промоција на новите проекти за дуално образование во земјите од Западен Балкан, со особен осврт кон иницијативите за воведување на процесите за дигитална трансформација, преку црпење на искуствата од Германија и Естонија. Од ова, во годината што следи, се навестуваат неколку значајни настани и проекти.

На крајот на средбата беше поддржана иницијативата за уште позасилен развој на програмите за професионална сертификација на Институтот, како и нагласена соработка со едукацијата во банкарството и осигурувањето преку активна поддршка на програмите во македонската банкарска академија – АБИТ. За таа цел, управата на Хајделберг Институтот донесе одлука да се формираат следните Совети / Асоцијации:

– MCA | Macedonian Controlling Association;

– Risk Management & Credit Analysis Council;

– Compliance & Corporate Governance Council;

– Branch Management Council.

Оттука, на ова, ако се додаде и „Digital Transformation Council“, во Хајделберг Институтот од наредната академска 2022/2023 година ќе функционираат вкупно пет Совети, менторирани и поддржани директно од Германија, а со цел – подобрување и развој на програмите за специјализација, магистерски студии и развој на проекти во конкретните области.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on email
Email