Работен доручек со г-дин Ото Граф, заменик амбасадор и раководител на економскиот оддел во Амбасадата на С.Р. Германија во Скопје

НАЈАВЕНА МОЖНОСТ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА НЕКОЛКУ ЗНАЧАЈНИ ПРОЕКТИ ВО ДУАЛНОТО СТРУЧНО СРЕДНО И ВИСКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

На работниот доручек со г-дин Ото Граф, во функција на заменик-амбасадор, раководител на економскиот оддел во Амбасадата на С.Р. Германија во Скопје и голем поддржувач на Хајделберг Институтот во напорите за имплементирање на дуално средно и виско образование во Скопје, беше најавена можноста за реализација на неколку значајни проекти во дуалното стручно средно и виско образование во земјите од Западен Балкан.

Имено, на состанокот, заменик-амбасадорот г-дин Граф беше информиран за најавената официјална средба, наредната недела во Хајделебрг, Манхајм и Франкфурт, од страна на проф. д-р Синиша Наумоски, а во функција на претставник на германскиот капитал на Хајделебрг Институтот во Скопје и претседател на Академскиот совет во Академијата за банкарство – АБИТ, со владините претставници на сојузната покраина Баден-Виртемберг, во југозападна Германија, со цел, основање на филијала за ДУАЛНО образование (средно и високо) за земјите од Западен Балкан со седиште во Скопје, а под менторство на веќе отворениот германски институт Хајделберг за Западен Балкан.

За таа цел, беше предадена програма и јасно нагласени идните чекори за имплементација на таквите проекти, при што, Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје даде силна поддршка за забрзување на процесите во таа насока. Со тоа, не само во Скопје, ваквите иницијативи, беше кажано на средбата, ќе бидат поддржани во Белград и Загреб, со што, уште еднаш беше потврдена поддршката од Хрватската амбасада во Скопје, како и најавена засилена соработка со германската комората „AHK“ во Скопје и Белград.

Исто така, беше нагласена и потребата т.е. побарувачката на стручен кадар од страна на сите германски компании во слободните економски зони во земјите од Западен Балкан и можностите, тие, активно да ги поддржуваат иницијативите за нови едукативни проекти за ДУАЛНО средно и високо образование.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on email
Email