За нас
МИСИЈА
Создавање на современи концепти на специјализирано извршно постдипломско образование и воспоставување нови образовно – професионални стандарди засновани на обука преку анализа на неформален образовен систем.
ВИЗИЈА
Понуда на формално извршно постдипломско образование со имплементација на практична специјализација.
ЦЕЛИ
- Реализација на програми за постдипломски студии во партнерство со меѓународни високообразовни институции и спроведување на научни истражувања од областа на: банкарство, финансии, контролинг, деловни и информатички технологии;
- Реализација на домашни и меѓународни семинари и конференции во партнерство со германскиот институт „ФОРУМ Институт за менаџмент“ Хајделберг.
- Реализација на практично ориентирани меѓународни сертификати со ЕКТС кредити во партнерство со институции за стручно образование (со посебен фокус на Германија).
- Вработување на студентите запишани во Институтот преку принципот „работи-студирај“ за време на нивниот циклус на студии.
- Финансиско и бизнис образование, зголемување на нивото на финансиска писменост на населението, како и развој на финансиски и најдобри деловни практики.
- Промоција на регионална и меѓународна соработка со универзитети, институти, академии и други формални и неформални образовни институции (со посебен фокус на Германија).
- Помагање на студенти и експерти преку специјализирана обука и едукација во повеќе полиња на управување.
- Промоција на претприемништво како модерна филозофија за бизнис и развој.
- Континуирано создавање ажурирани програми.