ЗАЕДНИЧКА СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТА НА СЕРТИФИКАЦИЈАТА И СТРУЧНОТО ГЕРМАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ

Претставникот на германскиот институт Хајделберг во Скопје и извршниот директор на АБИТ д-р Наумоски на средба со амбасадорот на Молдавија, Стефан Горда.

Претставникот на германскиот институт Хајделберг во Скопје и извршниот директор на АБИТ, д-р Синиша Наумоски се сретна со амбасадорот на Молдавија (за Бугарија, Македонија и Албанија), г-дин Стефан Горда, во Софија. Врз основа на тоа, на средбата беше промовирана идната соработка и промоција на пријателските односи на Република Македонија со Република Молдавија од амбасадорот Горда, приближување на современите образовни процеси и можности за учество во заеднички едукативни проекти под менторство на германската образовна институција Хајделберг со седиште во Скопје.

Во оваа насока, амбасадорот Горда го покани Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг (со филијала во Скопје) за организирање на меѓусебни семинари и конференции во 2019 година, како иницијатива за подобро запознавање со можностите и капацитетите за интензивирање на заедничката соработка во областа на сертификација и стручното германско образование

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on email
Email