УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Услови за користење на веб-страница www.ibmhs.eu
Ве молиме, внимателно прочитајте ги условите објавени во овој документ. Користењето на оваа веб-страница значи прифаќање на условите наведени во овој текст.
Секоја посета на нашиот сајт како и купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и целосно се согласувате со истите.
Во рамките на оваа веб-страница, користењето на зборовите ние, наш, наши, наша и Институтот, се однесува на Приватната Научна Установа Институт за Бизнис и Менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје, со адреса на ул. Орце Николов бр. 75, 1000 Скопје, ЕМБС 7267592, ЕДБ 4080018572298, со приоритетна дејност Истражување и експериментален развој во општествените и хуманитарните науки, и неформано образование.
„Вие“ се однесува на која било личност која пристапува кон оваа веб-страница.
Продавањето производи на оваа веб-страница се одвива во рамиките на регистрираната институција ПНУ Институт за Бизнис и Менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје, со адреса на ул. Орце Николов бр. 75, 1000 Скопје, ЕМБС 7267592, ЕДБ 4080018572298, контакт телефон +38970355656 и емаил адреса за контакт info@ibmhs.eu.
Оваа веб-страница се користи со цел претставување и продажба на продукти – обуки за доквалификација и преквалификација, семинари и конференции, работилници, округли маси, дебати и слично, промоции и нудење услуги на корисниците. Линковите содржани на сајтот кои водат до независни сајтови не се под наша контрола и не одговараме за нивните содржини. Прикажани се само за да ви помогнат и да ви ја олесни работата.
При купување на продуктите од IBMHS.EU, вие сте должни да ја платите цената што важела при креирањето на нарачката.
Продуктите што ги купувата преку веб-страницата www.ibmhs.eu, Вие може да ги платите преку фактура со електронска достава или електронски со платежна картичка при креирање на самата нарачка.
Кон купените продукти ќе имате пристап по реализирано плаќање во зависност од начинот на кој сте ја извршиле нарачката. За плаќање преку фактура, по прием и потврда на плаќањето, а за плаќање електронски со платежна картичка, веднаш по извршената уплата.
Доколку по моментот на уплата за регистрација за следење на некоја од обуките или семинарите, од било која причина се откажете, односно не сакате да ја следите обуката или семинарот:
– за навремено откажување на пријавата од обука, заинтересираните немаат право на поврат на уплатените средства само за регистрација.
Под навремено откажување на пријавите се смета известување на Институтот за откажувањето на пријавите, две и повеќе од две недели пред почнување на предавањата на обуката.
– за ненавремено откажување на пријавите за обуката, заинтересираните се должни да ги платат направените трошоци за подготовка на материјали за обуката, рекламниот материјал подготвен на име на пријавените, како и пенали за местата кои биле чувани до денот на отпочнување на предавањата на обуката, односно до денот на ненавремено откажување на пријавените. Износот на овие трошоци изнесуваат 15% од редовната цена на чинење на котизацијата, за секое пријавено лице.
Под ненавремено откажување на пријавeните се смета известување на Институтот за откажувањето на пријавите една или помалку од една недела пред почетокот на предавање на програмата.
– заинтересираните лица кои го започнале процесот на слушање на специјалистички сертификациони програми, должни се да ги платат трошоците за подготовка на материјали за обуктата, рекламен материјал подготвен на име на пријавените и пенали за чувани места до денот на настанот, односно до денот на следење на настава и откажување, и тоа:
– 20% од редовната цена на чинење на котизацијата, за секое пријавено лице, за откажување на пријавените на самиот ден на почеток на наставата,
– 30% од редовната цена на чинење на котизацијата, за секое пријавено лице, за откажување на пријавените по почеток на наставата.
IBMHS.EU има авторско право на сите содржини (текстуални, визуелни, видео и аудио материјали, бази на податоци, програмски код). Неовластеното користење на било кој дел на порталот, без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за кршење на авторските права и подлежи на законски мерки.
Содржината на веб-сајтот ја сочинуваат исклучиво информации од општа природа, кои не се наменети за решавање на специфични ситуации или за некоја конкретна особа или идентитет, и кои не претставуваат професионален совет.
Иако правиме напори да обезбедиме точност и комплетност на информациите на оваа веб-страница, ние не сме одговорни ако информациите, што се дадени на располагање на оваа веб-страница, се неточни или нецелосни, како и гаранција на непрекинато работење, безбедност или отсуство на грешки.
Вие ги користите и ги прифаќате материјалите и информациите на оваа веб-страница на Ваш сопствен ризик.
Вие го прифаќате фактот дека постои можност за прекин на услугите во одредени ситуации или проблеми поврзани со настани кои се надвор од наша контрола и ние не одговараме за било каква загуба на податоци или грешки кои можат да настанат за време на користење на интернет пренос на податоци.
Вие сте лично одговорни за доверливо чување на своите лозинки и заштита на своите приватни податоци при користење на веб-страницата. Крајниот корисник се согласува со фактот дека пристапот кон интернет понекогаш може да биде повремено недостапен, ненадејно прекинат или исклучен.
Ние може да ја смениме содржината на овој сајт или производите и цените наведени на сајтот без претходна најава и известување.
Ние го задржува правото во секое време да вршиме промена на содржината на оваа веб-страница или да го прекинеме пристапот кон податоци без никакви ограничувања и користење на овој веб сајт на неопределено време без обврзување за предходна најава и образложение.
Во максимален степен дозволен со Закон, Ние на овој сајт ниту во еден случај нема да бидат одговорни за било каква штета (директна, индиректна, случајна, последична, посебна штета, или таква која се создава при губање на профилот, губење на податоците или прекин на работниот процес) која се создава како последица на употребата.
Вие не смеете да ја користите оваа веб-страница за да пренесување или објави на информации и материјали кои на било кој начин ги кршат правата на другите, имаат заканувачка природа или се на било кој начин во спротивност со законот, поттикнуваат на незаконски активности, омраза на национална или религиозна определба, вулгарна или недолична содржина или да вршите дискриминација.
Вие не смеете да ја користите оваа веб-страница за пренесување или објавување информации поврзани со рекламирање, со религиозна определба или политичко убедување.
Било какво копирање и дистрибуција на податоци, како и поврзување или менување на веб страната и на податоците од веб страната е најстрого забрането.
За да ви биде овозможено купување преку нашата веб-страница морате да бидете регистриран корисник. Процесот за регистрација е едноставен и од вас бара само основни лични податоци.
Веб-страницата www.ibmhs.eu ви нуди преглед на сите производи што сакате да ги купите. Во полето означено како “кошничка” во горниот десен агол се пристапува до сите производи избрани од ваша страна и подготвени за купување. Можете лесно да ги избришете ставките од кошничката или да го зголемите бројот на саканите производи. Повеќе информации за тоа како да направите нарачка на посакуваните производи можете да прочитате овде.
За сите дополнителни прашања можете да не контактирате во секое време на нашата емаил адреса: info@ibmhs.eu.