TOGETHER WE CAN!!!

Денес, за Институтот Хајделберг во Скопје и за Академија за банкарство и информатичка технологија – АБИТ, започна важна европска студија во професијата менаџерско сметководство (или позната во ЕУ под името – контролинг), како дел од Frankfurt School of Finance & Management.
„Имено, како претставник на Македонија, заедно со уште шест земји, меѓу кои, Германија како лидер, неизмерно сум горд, што ме одбраа да бидам дел од овој голем проект за поддршка и имплементација на функцијата – контролинг во македонските компании.“ – изјави претставникот на УО на германскиот Институт Хајделберг во Скопје, проф. д-р Синиша Наумоски (од АБИТ).
Резултатите од оваа важна студија за македонските компании ќе бидат презентирани на крајот од месецот мај или почетокот на јуни, 2022 година, за кога е закажана и петтата меѓународна конференција за контролинг во организација на АБИТ и Хајделберг Институтот во Скопје, како и започнување со активностите на Асоцијацијата за остварување на заеднички интереси на контролерите и унапредување на нивното работење – МАКЕДОНСКА КОНТРОЛИНГ АСОЦИЈАЦИЈА.
Целта на студијата е да се добие увид во организацијата на децентрализираните единици на менаџерското сметководство/контролинг (деловни единици/оддели) во пракса. Дополнително, студијата ќе испита кои фактори имаат големо влијание врз организацискиот дизајн на управувачкото сметководство (контролингот) на децентрализираните единици. Врз основа на ова, ќе се анализира кои организациски форми на контролингот се најефективни за различни конфигурации на компанијата, нејзините децентрализирани единици и нејзината околина, и како тие можат да се имплементираат во пракса.
За крај, Наумоски додаде: „За македонските контролери, младите студенти и финансисти, знам, убеден сум, после четири и пол години наша борба, со цел да имплементираме и формални студии, тука, во Скопје, доаѓаат добри времиња. Наскоро започнува германската двојна магистерска програма на Хајделебрг Институтот – MBA in Finance & Controlling.“
„Сега, време е да се посветиме и на МКА – Македонската контролинг асоцијација, како прв и сериозен плод на 6-годишната работа во оваа област.“
Млади, сегашни и идни македонски контролери – TOGETHER WE CAN!
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on email
Email