На 8-ми февруари се одржа 11-та седница на Управата на германската високообразовна установа Хајделберг институт (Heidelberg Business School Skopje), а прва за 2024 година, во состав: проф. д-р Улрих Цајтел, претседател, д-р Бриџит Спилман, проф. д-р Роналд Глеих, проф. д-р Мајк Шолц и проф. д-р Синиша Наумоски (претставник на УО на Институтот во Скопје).
На состанокот беше одобрена годишната програма на институтот за 2024 година и официјално основана новата образовна установа „HEIDELEBRG FACUTY OF SKOPJE“ која има за цел, во годинава, да објави Конкурс за прием на студенти на додипломските акредитирани студии со двојна диплома (германска и македонска), и тоа:
- Бизнис администрација: банкарство, осигурување и контролинг (30 студенти) ; и
- Податоци и компјутерски науки (30 студенти).
Имено, ова е за прв пат во земјите од Западен Балкан да се студира на германски (ЕУ) студии, кои, од Универзитетот од С.Р. Германија се директно признаени во 75% од целата настава (или 135 ЕКТС) во Скопје. Остатокот од 25% ќе се работи во 6-тиот семестар со изработка на дипломска работа и завршна проектна задача (во Германија на нашите Униврзитети). Со тоа, младите од регионот на Западен Балкан ќе можат да се стекнат со диплома за завршено високо образование во С.Р. Германија, но по трошоци за студирање како во македонскиот образовен систем.
Следната недела, во Скопје ќе присуствува и лично, претседателот на УО проф. д-р Улрих Цајтел, со цел – спроведување на дополнителни активности во насока на отпочнување на процесите на студиите, како и комплетирање на кадарот со можна кооптација на високообразовни македонски установи.
Сите дополнитени информации ќе бидат објавени наскоро на веб страната: www.ibmhs.eu
Набрзо, годинава, ќе следува Конкурс за студиите во Скопје со германска универзитетска диплома и практика во С.Р. Германија, за сите млади од Западен Балкан.
ГЕРМАНИЈА ДОМА!
Повеќе информации за студиските програми на:
info@ibmhs.eu или 070 355 656