ОСМА СЕДНИЦА НА УПРАВАТА НА ГЕРМАНСКИОТ ХАЈДЕЛБЕРГ ИНСТИТУТ ВО СКОПЈЕ

Во просториите на нашиот најголем учесник во капиталот „ФОРУМ Институт за менаџмент“, во Хајделберг (С.Р. Германија) се одржа осмата седница на управата на германскиот институт. Оттука, на состанокот се разгледуваа резултатите од работењето во тековната година и се проектираа плановите и стратешките насоки на Институтот за 2022 година.

Имено, на состанокот беше предложено да се засили тимот на Хајделберг Институтот преку соработка со двајца истакнати професори, како што се:

проф. д-р Карл А. Ламерс, кој е 26 години пратеник во германскиот Бундестаг и член на НАТО парламентарното собрание, како и почесен конзул на Естонија, надлежен за државата Баден Виртемберг (читај: сојузната државата во Германија, која, прва го воведува системот на дуално образование во средно и на универзитет); и

проф. д-р Џорџ Наглер, Ректор на државниот универзитет во Манхајм, за кој се планира да го води столбот (Pillar) 4 во нашиот Хајделберг Институт, со назив: „IBMHS University“.

За таа цел, од 2022 година, со професорите ќе започнеме со соработка во насока на промоција на новите проекти во дуално образование во земјите од Западен Балкан, со особен осврт кон иницијативите за воведување на процесите за дигитална трансформација, преку црпење на искуствата од Германија и Естонија. Од ова, во годината што следи, се навестуваат неколку значајни настани и проекти.

На крајот, беше поддржана иницијативата за уште позасилен развој на програмите за сертификација во институтот, како и засилена соработка со едукацијата во банкарството и осигурувањето преку активна поддршка на програмите во македонската банкарска академија – АБИТ. За таа цел, управата на Хајделберг Институтот, донесе одлука да се формираат следниве Совети:

– Controlling & Accounting Council;

– Risk Management & Credit Analysis Council;

– Compliance & Corporate Governance Council;

– Branch Management Council. 

Оттука, ако на ова се придодаде и Digital Transformation Council, во Хајделберг Институтот од наредната 2022 година ќе функционираат вкупно пет Совети, менторирани и поддржани директно од Германија, а со цел – подобрување и развој на програмите за специјализација, магистерски студии и развој на проекти во конкретните области.

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on email
Email